Сама во тешки услови, на Голија, баба Милка ја минува зимата, која е можеби најладната во нејзиниот живот. И најгорчлива, затоа што за само половина година ги изгубила најблиските, синот единец и внукотСветлината во мракот на трошната селска куќа на Голија ја донеле членовите на Планинарската спасувачка служба, кои на бабата и донеле пакети полни со храна и лична хигиена.
А баба Милка… Стара, подгрбавена, но со брзо одење одби да се вози дома со нив во кола. Вели, може и сама, иако е очигледно дека бабата е доста истоштена.Горда, честитајќи, бабата со солзи во очите доби подароци од добротворците кои не и дозволија оваа зима да остане напуштена и сама од сите, иако живее на непристапен терен, каде што кога ќе падне снегот, таму речиси и да нема премин.
– Тешко ми е, не сум навикната, имав свои деца, ме гледаа и ми помагаа но сега ми е тешко, ги нема моите деца јас морам да просам а тие скапуваат во земјата, вели таа за „А1тв Нет”.
Баба Милка останала без синот и внукот, живее во голема сиромаштија и вели: Морам да просам за парче леб
89
претходен текст