Додека сè уште со полно право уживате во лелеавите летни фустани, сакавме да погледнеме во иднината и да видиме што ни подготвува новата сезона. Ви пренесуваме пресек на некои од најголемите трендови за есен 2024 година, а на вас е да ги усвоите или да ги прескокнете.
1 БОХО СЕ ВРАТИ
Стилот што неодоливо ја евоцира слободата и 1970-тите повторно ги завладеа модните писти, а се чини дека истото ќе го направи и на улиците во нашите градови, исто како во 2000-тите. Сетете се на кралицата на шик ноншалантноста, Сиена Милер, и извадете го вашиот макси-фустан од шифон и удобните, крути чизми од вашиот плакар… И не заборавајте да ги оставите кадриците слободно да се веат на ветрот!
2 СУРФЕРСКИ ФАРМЕРКИ
Владеењето на широките панталони продолжува! На моделите од минатата сезона, сега им се придружија и таканаречените сурферски фармерки. Побарајте модели кои се широки во бутовите и околу колената и се стеснуваат околу глуждовите, како овој модел што го најдовме во Stradivarius (1.990 ден.).
3 ВРАЌАЊЕ НА КЛАСИЦИТЕ
Y2K владееше во изминатите неколку месеци, но повторно се враќаат елеганцијата и софистицираноста слични на стилот на „тивок луксуз“. Значи, вработете ги вашите винтиџ-јакни како оваа од Mango (4.99 ден.) и фустаните во А-крој и канализирајте ја Џеки Кенеди – старите добри класици се вратија на голема врата.
4 СЕМОЌНИОТ КАРДИГАН
Кардиганите поминаа долг пат од плакарите на нашите баби и дедовци до мејнстримот на модата – во оваа постудена сезона, изгледа сите ќе ги носат. Во потрагата по убави примери, најдовме беж со црни рабови во Mango (2.990 ден.), темно-сив во Massimo Dutti (8.990 ден.) и бел во Zara (1.790 ден.).
5 БОРДО ДОПИР
Модните експерти предвидуваат дека црвената боја на виното ќе се прелее и на модните додатоци во текот на следните месеци. Знаејќи дека есента природно ги „повикува“ притаените нијанси, немаме ништо против тоа, како и оваа чанта Guess (9.490 ден.).
6 МАЧА НОКТИ
Кога станува збор за ноктите, освен црвени, црни, темносини, светлорозови и сиви ќе носиме и мача-нокти. Ја сакаме оваа светлозелена нијанса бидејќи е доволно впечатлива, но во исто време нежна и елегантна.
7 КОЖА
Ако сакате да бидете во тренд, изберете кожени парчиња со висок сјај оваа есен, по можност во кафена, смарагдно-зелена и бордо боја. Со оглед на тоа што денес има огромен избор на кожени парчиња, изберете облека и додатоци од вештачка кожа, како овие од брендот Mango – здолниште (2.490 ден.), чанта (2.490 ден.)
8 ОСТАР ВРВ
Новата сезона ќе помине во знакот на шпицестите врвови кога станува збор за обувките, сметаат експертите. Сигурни сме дека веќе имате вакви чевли, без разлика дали се рамни или со висока потпетица, затоа подгответе ги за уште една возбудлива сезона! Доколку сè уште се на вашата листа на желби, најдовме убав чифт во Zara (1.790 ден.).
9 БОЈАТА НА МАСЛИНКИТЕ
Многу модни дизајнери испратија монохроматски комбинации во маслинесто-зелени тонови на пистите за сезоната есен/зима 2024 година – Burberry и Ferragamo се само некои од куќите што го најавуваат враќањето на оваа земјена нијанса. Прифатете ја нивната визија!
10 ЛЕОПАРД
Еден принт што се појавува во речиси секоја есенска колекција на големите модни куќи е оној на леопардот. Летото го поминавме во него, а сега е извесно дека овој животински принт ќе нè придружува и во есенските денови…
Поврзани објави
11 СИТЕ БЕЖ НИЈАНСИ
Палетата на суптилни, неутрални бои, како што се бела, беж и светлосива, ќе донесе допир на нежност во постудените недели. Доколку ги носите овие нијанси од глава до петици, бидете сигурни дека ќе бидете во тренд. Доколку сакате да купите само едно парче во неутрална нијанса, нема да згрешите со беж-мантил од Mona.
12 ТАРТАН И ТВИД
Есента е време на твид и тартан, а оваа пред нас нема да биде исклучок. Овие класични дезени се повторно актуелни и најдовме парчиња во кои вреди да се инвестира. (Mango 3.990 ден., shop.ubavinaizdravje.mk 2.950 ден.)
13 РЕТРО ШИК
По владеењето на патиките adidas samba, ни доаѓа уште еден ретро-модел. Познати како „најкомфорните патики за трчање досега“, nike cortez ја презедоа палката кога се во прашање трендовските патики, а судејќи според многубројните обожаватели на моделот – од Емили Ратајковски до Снуп Дог – ќе ги носиме во секоја пригода.
14 ЦРВЕНИ УСНИ
Иако никогаш не престана да биде популарен, црвениот кармин сега владее. Актуелни се сите нијанси на црвениот кармин, па одберете ја онаа што го надополнува вашиот тен.
15 ИЗБЕРЕТЕ ЗЛАТО
Можеби не можеме да сметаме на златен олимписки медал, но дефинитивно можеме да избереме ѓердани во златна боја! Тие се токму на тронот на актуелните модни детали, а нашиот избор го најдовме во понудата на Божиновски часовници и накит.
16 МОЌНИ ЧИЗМИ
Крајот на годината ни носи низа модели на чизми од кои можеме да избираме благодарение на многуте модни куќи кои ги ставија во фокусот. Единственото правило е: колку се покрути, толку се подобри! Најмодерни чизми за сезоната што претстои се чизмите над колена, како и моторџиските чизми познати како бајкерки. Доколку сакате моторџиски стил, во понудата на брендот Bershka најдовме интересен модел (3.590 ден.).
17 ОКОЛУ ПОЛОВИНАТА
Ременот продолжува да биде најпосакуваниот моден детаљ! Инспирирајте се од ревијата на Шанел и носете го ременот на предимензионирани кардигани, палта, јакни…
18 ДЕНИМ
Кога станува збор за тексасот, во претстојната сезона изреката „помалку е повеќе“ нема смисла. Се носи тотал-деним, па слободно инспирирајте се од изгледот кој ни го прикажуваат брендовите Victoria Beckham, Christian Dior, Carolina Herrera, Zimmermann, Miu Miu, Schiaparelli…
19 ОГНЕНО
Црвената не се носи само на усните! Оваа боја е една од најактуелните, а има ли подобра нијанса за разбивање на зимското сивило? Ако вашиот избор не се светлите нијанси на црвената, слободно потпрете се на малку потемните, како оваа од брендот Mango. (4.990 ден.)
20 САТЕН
Сатенските парчиња блескаа на модните писти на ревиите на Викторија Бекам, Ферагамо, Џорџо Армани… Значи, нема причина да не го прифатите овој пријатен материјал секогаш кога сте во можност да купите сатенско парче.
Текст: Убавина и здравје
Фото: ПР