Почетна Убавина и здравјеПостхумно признание за возачот на Итната помош Иле Гоцевски – Убавина и здравје

Постхумно признание за возачот на Итната помош Иле Гоцевски – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Трагедијата што се случи во Кочани, не само што зеде 59 жртви во пожарот во дискотеката „Пулс“, туку во исто време ја однесе и душата на еден херој – Иле Гоцевски, возачот на Итната медицинска помош, кој почина од срцев удар по целиот напорен ден спасувајќи животи.

Иле, како еден од хероите на денот, неуморно превезувал повредени од пожарот во локалната дискотека до здравствените установи, повеќепати патувајќи од Кочани до Скопје, спасувајќи човечки животи и носејќи ги во болница. По сите тие напори, кога се врати дома и легна да одмори, срцето на Иле престанало да чука. Се случило она што не можеше да се предвиди – неговото тело, иако силно и решително во спасувањето, не издржало по повеќечасовната борба за туѓите животи.

Министерот за здравство, Арбен Таравари, најави дека Иле Гоцевски ќе биде одликуван постхумно за својата херојска работа.

Таравари нагласи дека планот е во следната недела, по завршување на првичната фаза на трагедијата, да му се оддаде признание на Гоцевски и да му се даде заслужената почест за неговата посветеност и професионализам.

Без разлика на тоа колку часови работевме, сите дававме се’ од себе за да помогнеме. Иле вложи огромен труд и заслужува признание“, истакна Таравари.


Поврзани објави

Министерот, исто така, ја демантираше информацијата која синоќа се прошири во јавноста дека уште еден возач на Итната помош доживеал срцев удар.

Немаме таква информација во Кризниот штаб и засега ова е само шпекулација,“ изјави Таравари, додавајќи дека во случај на нова таква информација, јавноста ќе биде известена веднаш.

Несреќата што го погоди Кочани не донесе само болка, туку и сплотување на заедницата, која заедно со итните служби и сите засегнати, се труди да го преброди овој голем удар. Со ова признание, Иле Гоцевски ќе остане вечен херој во срцата на сите кои ја почувствувале неговата несебичност и храброст.

Фото: Фејсбук