Table of Contents
Овен
Работа: Неделава може да почувствувате желба да го промените вообичаениот распоред, да излезете од дома и да направите нешто поинакво. Сепак, не мора сè да организирате во последен момент.
Љубов: Ако сте во врска, подобро е да не отвoрате стари расправии доколку денес немате доволно трпение за нив. Заедничко излегување или средба со пријатели може да ви го подобри расположението.
Здравје: Избегнувајте нагли физички движења.
Бик
Работа: Ќе ви годи помирно темпо и времето поминато дома, но можно е да добиете повик што ќе ви ги промени плановите. Доколку имате работни обврски, завршувајте ги без брзање и не преземајте дополнителни задачи.
Љубов: Во љубовта се отвора простор за убави заеднички моменти. Партнерот може да предложи ручек, средба или кратко патување. Ако сте слободни, познанство преку пријатели може да прерасне во пријатна комуникација или договор за нова средба.
Здравје: Многу добро.
Близнаци
Работа: Денот може да ви биде исполнет со повици, пораки и промени на договорите. Не прифаќајте обврски на неколку места истовремено и оставете си доволно простор да одлучите што навистина ви одговара.
Љубов: Можно е вие и партнерот да разберете различно некоја порака или коментар, затоа не донесувајте заклучоци врз основа на првата реакција. Слободните би можеле повторно да стапат во контакт со личност со која одамна не разговарале или да запознаат некого преку социјалните мрежи.
Здравје: Обрнете внимание на нервната напнатост и главоболката. Ќе ви годи накратко да се оддалечите од телефонот и вревата.
Рак
Работа: Најмногу ќе ви годи денот да го поминете во свое темпо, без наметнати обврски. Можно е да се занимавате со пазарување, семејни договори или планирање на трошоците за наредните денови. Ако работите, не дозволувајте туѓата неорганизираност да ве наведе на избрзани одлуки.
Љубов: Ако сте во врска, може да разговарате за парите или за плановите поврзани со домот, но обидете се практичното прашање да не го претворите во емотивна расправија. Слободните би можеле да забележат дека некој од нивното опкружување се обидува почесто да стапи во контакт со нив.
Здравје: Многу добро.
Лав
Работа: Ќе бидете расположени да преземете иницијатива и да го организирате денот, но некој од вашето опкружување може да има сосема поинакви планови. Наместо да инсистирате сè да биде по ваше, оставете простор за компромис.
Љубов: Во љубовта може да очекувате повеќе внимание и убави гестови. Заеднички ручек, излегување или дружење со пријатели ќе ви годи и вам и на партнерот.
Здравје: Без позначајни предупредувања.
Девица
Работа: Можеби ќе посакате да ги завршите сите ситни обврски што се насобрале во текот на неделата, но не дозволувајте неделата да ви се претвори во работен ден. Ако сепак морате да работите, фокусирајте се на најважните задачи.
Љубов: На партнерот може да му пречи ако ја анализирате секоја негова реченица или постапка. Обидете се да разговарате поопуштено и да не барате проблеми таму каде што ги нема.
Здравје: Многу добро.
Поврзани објави
Терезија
Работа: Неделата е идеална за дружење, одење на гости или активности што во последно време сте ги запоставиле. Можно е да добиете покана во последен момент и со задоволство да ги промените првичните планови.
Љубов: Ако сте во врска, ова е добар момент за излегување, заеднички ручек или разговор за плановите за празниците. Слободните би можеле да запознаат личност која ќе им се допадне со својот шарм и отвореност.
Здравје: Без позначајни предупредувања.
Скорпија
Работа: Семејните теми или обврските поврзани со домот може да ви одземат дел од денот, но ќе успеете да ги решите доколку не се обидувате сè да преземете на себе. Ако работите, можни се непланирани промени, па останете присебни и проверете ги договорите.
Љубов: Ако сте во врска, можно е да започнете посериозен разговор за довербата или за нешто што ве мачи веќе подолго време. Не обидувајте се да изнудите одговор, туку оставете му простор на партнерот да го каже своето мислење. Слободните би можеле да почувствуваат привлечност кон личност која досега ја доживувале само како познаник.
Здравје: Обрнете внимание на мускулната напнатост и избегнувајте нагли движења за време на физичките активности.
Стрелец
Работа: Ќе посакате да излезете од секојдневната рутина, да се видите со пријателите или да заминете на кратко патување. Сепак, плановите може да се променат во последен момент, затоа не си задавајте премногу обврски.
Љубов: Ако сте во врска, ќе ви годи заедничко одење на некое ново место или разговор за патување. Слободните би можеле да запознаат некого за време на прошетка, излет или преку пријатели.
Здравје: Не претерувајте со физичкиот напор.
Јарец
Работа: Денот е поволен за одмор од работните теми, но можеби ќе посакате да ги средите сметките, да ги испланирате трошоците или да ги подготвите обврските за наредната недела. Не дозволувајте ваквите задачи да ви го одземат целиот ден.
Љубов: Партнерот може да ја отвори темата за заедничките финансии или за плановите во наредниот период. Разговорот ќе биде покорисен доколку двајцата јасно кажете што очекувате. Слободните би можеле повторно да стапат во контакт со личност што ја познаваат преку работата или старото друштво.
Здравје: Многу добро.
Водолија
Работа: Може да почувствувате потреба да ја промените средината, да се видите со пријателите или да се посветите на нешто што ве инспирира. Сепак, непланирана семејна обврска може да ви го промени распоредот.
Љубов: Ако сте во врска, важно е да не донесувате заклучоци пред да ја слушнете и другата страна на приказната. Разговорот со партнерот може да помогне да се расчисти некое недоразбирање. Слободните би можеле да започнат интересна комуникација со личност што ја познаваат преку пријатели или интернет.
Здравје: Обрнете внимание на желудникот и варењето.
Риби
Работа: Можеби ќе посакате да се повлечете од гужвата и да си посветите време на себе, но повик од пријател или неочекувана средба може да ви го промени расположението. Денот е поволен за читање, прошетки и активности што ви помагаат да се одморите. Ако работите, проверувајте ги деталите и не потпирајте се на претпоставки.
Љубов: Партнерот може да посака да разговарате за нешто што останало недоречено. Обидете се јасно да го искажете своето мислење, но внимавајте да го направите тоа на нежен и внимателен начин.
Здравје: Многу добро.