Почетна Убавина и здравјеПриказна за шопинг, кафе и мали радости во pet friendly трговскиот центар Ист Гејт Мол- бидејќи животот не е составен само од рокови и обврски

Приказна за шопинг, кафе и мали радости во pet friendly трговскиот центар Ист Гејт Мол- бидејќи животот не е составен само од рокови и обврски

од nenad
2 минути читај за

Има денови кога градот е пребрз, обврските се редат една по друга, а денот поминува меѓу телефонски повици, вести, екрани и состаноци. За Славица Дуљанова, новинарка и една од уредничките во националната телевизиска станица Канал 5, таквото темпо е дел од секојдневието. Затоа секое слободно време за неа има посебна вредност, може да забави, да се врати кон себе и да ужива во малите нешта што ја полнат со мир.

Во тие моменти, најчесто покрај неа е Руни, нејзината априкот пудла, малата сенка што со лесен чекор ја следи низ денот. Вели дека Руни не е само миленик. Тој е нејзиниот најубав потсетник дека животот не е составен само од рокови и обврски, туку и од прошетки без план, од насмевки на случајни минувачи, од паузи за кафе и од оние тивки мигови што не се објавуваат на вести, но остануваат најдолго во срцето.

Затоа, кога избира каде ќе го помине слободното време, не бара само место со добри продавници, убави брендови и пријатна атмосфера, туку место каде што не мора да се раздели од својот миленик. За неа, такво место е Ист Гејт Мол.

​„Кога одам во шопинг, сакам тоа да биде нешто повеќе од купување. Сакам да биде мое време. Да разгледам, да пробам нешто ново, да најдам парче што ќе ме расположи, некогаш и само кафе да пијам, а кога Руни е со мене, душата ми е на место, ме нервира кога треба да го оставам дома“, вели Славица.
Според неа Literatura.mk е едно од местата каде што сака да застане, да здивне и да го продолжи денот во помирен ритам. „Таму навистина има добро кафе“, вели таа и додава дека кога се задржува и подолго во молот, Cioccolatitaliani за неа е место за вкусна храна убав разговор и уште неколку драгоцени моменти што го прават денот целосен.

Можеби токму затоа Ист Гејт Мол за Славица не е само место за шопинг. Тоа е простор во кој нејзиното секојдневие станува полесно, поубаво и потопло. Во свет во кој сите сè почесто бараме места што нè разбираат, pet friendly искуството значи многу повеќе од дозволен влез за миленици. Тоа значи чувство дека некој го разбира твојот начин на живот, твоите навики што го прават денот подобар. За Славица, тоа чувство има име: прошетка со Руни во Ист Гејт Мол.