Почетна Убавина и здравјеТајната на меките домашни њоки се крие во еден трик на Џејми Оливер

Тајната на меките домашни њоки се крие во еден трик на Џејми Оливер

од nenad
2 минути читај за

Познатиот британски готвач открива едноставен начин за подготовка на меки и лесни њоки, без јајца и со минимално количество брашно. Потребни ви се само две основни состојки!

Домашните њоки не мора да бидат комплицирани за подготовка, а тајната на нивната мекост можеби е во тоа да употребите помалку брашно. Познатиот британски готвач Џејми Оливер сподели едноставен рецепт за домашни њоки од само две состојки, инспириран од традиционалниот начин на подготовка што го научил од една италијанска баба во Рим.

Во неговата емисија „One Pound Wonders“, посветена на достапни и едноставни оброци, Оливер објасни дека за разлика од вообичаените рецепти, неговата верзија не содржи јајца.

Ме учеа да користам жолчки и брашно. Таа не користеше јајца, туку само минимално количество брашно“, откри готвачот.

За подготовка ќе ви бидат потребни околу еден до еден и пол килограм компири и приближно 100 грама брашно.

Најпрво излупете ги компирите и сварете ги додека целосно не омекнат. Потоа испасирајте ги и оставете ги да се изладат. Врз компирите постепено додавајте го брашното и внимателно соединете ги состојките додека не добиете меко и еластично тесто.


Поврзани објави

Оливер советува да не претерувате со брашното, бидејќи токму неговото поголемо количество ги прави њоките потешки и погусти.

Тестото поделете го на неколку делови, обликувајте долги ролни и исечете ги на мали парчиња со големина на еден залак. Не мора сите да бидат совршено еднакви – станува збор за домашно, рустикално јадење.

Њоките ставете ги во зовриена посолена вода и варете ги две до три минути, односно додека не испливаат на површината.

Послужете ги со сос по желба – песто од босилек, домашен доматен сос, сос од четири видови сирење или едноставна комбинација од путер и жалфија. Со овој едноставен трик можете да подготвите меки домашни њоки со малку состојки и без непотребно комплицирање.

Фото: pexels