Иако многу внимавала на исхраната, желбата за полнети пиперки ја победила секоја дисциплина
Александра Пријовиќ дури и во деветтиот месец бременост не се откажува од омилените јадења – особено од полнети пиперки. Пејачката на својот Инстаграм сподели рецепт кој го наследила од својата мајка Борка и откри дека ги подготвува исто како таа.
Иако многу внимавала на исхраната, желбата за полнети пиперки ја победила секоја дисциплина.
Не знам многу да готвам, но неодамна ми се јави желба да направам полнети пиперки. Кога мама не е тука, ги подготвувам исто како таа“, изјави Пријовиќ.
Во рецептот се користат 600 г мелено месо, 2 главици кромид, 100 г ориз, 1 јајце, лажица алена пиперка, 2 домати, 12 бабура пиперки, лажица брашно, половина литар сок од домати, малку масло, сол, бибер и сув зачин.
При подготовката, пиперките се мијат, се чистат од семки, а кромидот се динста на малку масло. Потоа се додава месото и зачините, кратко се динста и се меша со ориз и јајце. Смесата се става во пиперките, а отворите се покриваат со тенки парчиња свеж домат.
printskrin Youtube – prijovic nova rs