Почетна Убавина и здравјеСе ожени на 55, а првпат доби дете на 56 години! – Убавина и здравје

Се ожени на 55, а првпат доби дете на 56 години! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Квентин Тарантино и неговата сопруга Даниела го добија третото дете

Славниот холивудски режисер Квентин Тарантино (63) има голема причина за радост. Тој и неговата сопруга, израелската пејачка и актерка Даниела Пик Тарантино (43) го добија третото дете, момче. Среќните вести ги потврдил претставник на славниот режисер за магазинот „Пипл“, истакнувајќи дека сопружниците се пресреќни поради приновата.

Новороденото момче им се придружи на постариот брат Лео, кој има шест години, и на сестрата Адриана, која има четири години. Името на најмалиот член на семејството, како и точниот датум на неговото раѓање, за сега не се објавени.

Љубов која започнала во Израел

Љубовната приказна на Тарантино и Даниела започнала уште во 2009 година, кога славниот режисер бил во Израел за да го промовира филмот Inglorious Bastards. Даниела, ќерка на познатиот израелски музичар Свики Пик, тогаш го запознала човекот кој години подоцна ќе стане нејзин сопруг.

Нивната врска не добила среќен епилог веднаш. По некое време врска, раскинале, но околу 2016 година повторно се зближиле. Се свршиле во 2017, а во ноември 2018, го кажале судбоносното „да“ на интимна церемонија во својот дом во Лос Анџелес.


Поврзани објави

Од човек кој живеел само за филмовите до татко на три деца

Интересно е што Тарантино никогаш не си го замислувал животот во големо семејство. Во претходните интервјуа зборувал дека сака целосно да му се посвети на филмот и дека не сака семејните обврски да му го одвлекуваат вниманието од кариерата.

Сепак, животот имал поинакво сценарио за него. Првпат станал татко во февруари 2020 година, кога тој и Даниела го добиле синот Лео. Во јули 2022 година, семејството станало побогато за уште еден член, ќерката Адриана.

Доаѓањето на третото дете сега ја заокружило нивната семејна приказна, а познатиот режисер, автор на популарни остварувања како Pulp Fiction, Kill Bill и Once Upon a Time in Hollywood, влегува во ново поглавје од животот, овој пат со три деца.

ФОТО: ИНСТАГРАМ