Македонската фолк-пејачка престојуваше во Велика Британија, каде покрај концертите со „Танец“, уживаше и во прошетките низ Лондон и Оксфорд.
Сузана Спасовска имаше незаборавни денови во Велика Британија, каде што настапи со ансамблот „Танец“. Македонската фолк-пејачка дел од атмосферата од патувањето сподели со своите следбеници, покажувајќи кадри од престојот и прошетките.
Покрај концертите во Лондон и Оксфорд, Спасовска имаше можност да посети и некои од познатите места во Велика Британија. На нејзините фотографии се издвојуваат Стоунхенџ, Бакингемската палата, оксфордските улици и Spinnaker Tower.
Но, најголем впечаток врз неа оставила средбата со публиката. По концертите на „Танец“, пејачката упати благодарност до присутните за големиот интерес и поддршката за македонската песна и оро.
Поврзани објави
Септември, 2026 – моменти за паметење! Лондон, Оксфорд, Spinnaker Tower, Stonehenge…“, напиша Спасовска, заблагодарувајќи се за гостопримството, дружењето и убавите моменти.
Таа посебно ги истакна громогласните аплаузи и љубовта на публиката кон македонската музика и традиција, додавајќи дека по ваквите средби пресреќни се вратиле во Македонија.