Почетна Убавина и здравјеСе сеќавате на Христијан од „Македонски идол“? Сега се дружи со холивудски ѕвезди, а последно го запозна Стивен Сегал!

Се сеќавате на Христијан од „Македонски идол“? Сега се дружи со холивудски ѕвезди, а последно го запозна Стивен Сегал!

од nenad
1 минути читај за



Од македонската музичка сцена до светот на луксузните ресторани и ексклузивните настани во Дубаи – Христијан Тодороски, на јавноста познат како Кико од „Македонски идол“, денес гради кариера во сосема поинаква сфера, но сè уште поврзана со забавата и шоу-бизнисот

Тодороски на домашната јавност ѝ стана познат во 2010 година, со учеството во музичкото шоу „Македонски идол“. По неговиот настап следуваа договор со продукциската куќа „Mak Music“, музички проекти и бројни настапи низ македонските клубови. Подоцна беше дел и од реалното шоу „Фарма“, а потоа постепено се повлече од домашната јавна сцена и новиот професионален предизвик го пронајде во Обединетите Арапски Емирати.

Во Дубаи, неговата кариера добива нова димензија. По ангажманите во познати угостителски објекти, меѓу кои и ресторанот на светски познатиот готвач Нусрет Ѓокче, познат како Salt Bae, Тодороски се посветува на менаџирањето на забавната програма во престижниот ресторан „Белканто“, сместен во комплексот Dubai Opera. Како Art & Entertainment Manager, тој е задолжен за организацијата и координацијата на настапите на музичките ѕвезди и ексклузивните настани.


Поврзани објави

А дека работата му овозможува средби со навистина познати имиња, потврдува и неговата најнова фотографија со холивудскиот актер и мајстор на боречките вештини Стивен Сегал, кој бил гостин во ресторанот каде што работи. Така, некогашниот македонски пејач денес има можност да биде дел од светот на меѓународните ѕвезди, но овој пат не под рефлекторите на сцената, туку зад организацијата на нивните ексклузивни вечери.

ФОТО: Принтскрин Инстаграм