Почетна ЕкономијаГраѓаните во македонските банки чуваат 7,4 милијарди евра, депозитите пораснале за 9,2 отсто

Граѓаните во македонските банки чуваат 7,4 милијарди евра, депозитите пораснале за 9,2 отсто

од nenad
1 минути читај за

Вкупната заштеда на населението во домашните банки достигнува околу 7,4 милијарди евра, односно 454 милијарди денари. Податоците покажуваат дека граѓаните продолжуваат да ги зголемуваат своите депозити и покрај инфлацијата и економските неизвесности.

Според статистиката на Македонската банкарска асоцијација и Народната банка, депозитите на домаќинствата се зголемиле за 9,2 проценти на годишно ниво. Кај орочените депозити е регистриран пораст од 5,7 проценти, објави 4news.mk.

Штедењето на населението има значајна улога во работењето на домашниот банкарски сектор, со оглед на тоа што средствата на граѓаните претставуваат најголем дел од вкупната депозитна база на банките.

Сепак, не сите пари се чуваат како долгорочна заштеда. Значителен дел од средствата остануваат на трансакциските сметки, од каде што се користат за плаќање сметки, купување производи и покривање на секојдневните потреби. Ова покажува дека дел од расположливите средства на граѓаните се наменети пред сè за тековна потрошувачка, а не за штедење на подолг рок.

Растот на депозитите доаѓа во период кога домаќинствата се соочуваат со зголемени трошоци за живот, што го прави зачувувањето на личните финансии дополнителен предизвик.

Инаку, денеска, 31 октомври, се одбележува Светскиот ден на штедењето, чија цел е да се подигне свеста за важноста на финансиската сигурност и создавањето навики за одговорно управување со парите.