Почетна ЕкономијаСостанок на Стопанската комора и бизнис заедницата за поддршка на Макпрогрес – Виница

Состанок на Стопанската комора и бизнис заедницата за поддршка на Макпрогрес – Виница

од nenad
1 минути читај за

Денес, во организација на претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, ќе се одржи работна средба со претставници на најголемите синџири на маркети, дистрибутери, Советот на странски инвеститори, како и претставници од здруженијата. Целта е да се даде поддршка на компанијата Макпрогрес – Виница, по неодамнешниот пожар кој нанесе значителна штета на дел од имотот и производствените капацитети.

Во соопштението од Стопанската комора се наведува дека на состанокот ќе се обратат претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, и генералниот директор на Макпрогрес, Глигор Цветанов, кој, според Стопанската комора, ќе ги претстави идните планови за работа на компанијата и информациите поврзани со пожарот.

“Целта на состанокот е креирање на кампања за засилена продажба на производите на Макпрогрес – Винчини, Сончева Долина, Натура, Дониа, Фантазиа, како и голем дел од производите кои се произведуваат под приватни трговски марки на водечките малопродажни ланци на маркети во Македонија.”

“На состанокот ќе се обратат Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија, и Глигор Цветанов, прв човек на Макпрогрес, кој лично ќе ги соопшти идните насоки за работењето на компанијата, како и деталите околу настаните од саботата,” се додава во соопштението.