Почетна ЕкономијаНевреме во Црна Гора, еден загинат и еден повреден

Невреме во Црна Гора, еден загинат и еден повреден

од nenad
1 минути читај за

Еден работник загина, а друг е повреден во невремето што денеска ја зафати Црна Гора, јави РТЦГ. Поројни дождови и силен ветер ја зафатија Црна Гора од утрово.

Локалниот портал Бар инфо пренесува дека во Чањ на градилиштето „Челебиќ” загина работник на кран, а во Лука Бар од силниот ветер падна кран, при што беше повредена едно лице.

Ветерот корнеше и уриваше дрвја низ цела Црна Гора, уништуваше опрема на плажите на приморјето, оштетуваше возила, а поради силниот дожд улиците беа поплавени и настанаа порои.

Полицијата ги предупреди граѓаните да не патуваат доколку не е неопходно. ссм/фото: Инстаграм Подгорички времеплов .

Извор: МИА