Една навидум обична прошетка на Водно за малку ќе се претворела во вистинска драма за Лила Филиповска. Познатата водителка откри дека била нападната од питбул откако се обидела да го погали кучето, не очекувајќи дека средбата ќе заврши толку несреќно.
Оваа необична и шокантна случка Лила ја раскажа на јубилејното, десетто издание на конференцијата ПРОФЕМИНА, во рамките на разговорот „Нешто што не сум го кажала“, кој го водеше Јована Стојменовиќ, главна и одговорна уредничка на списанието „Убавина и здравје“.
Многу сакам кучиња и мачиња, па така тргнав да погалам еден питбул што не ме познаваше. Не го обвинувам кучето, тоа инстинктивно ме нападна бидејќи не ме познаваше. Ме фати директно за уста, во тој момент ми падна и периката и сите почнаа да паничат. Целата внатрешна уста ми беше надвор“, раскажа Лила.
Поврзани објави
Со својот препознатлив хумор, водителката ја опиша и драматичната слика во тој момент:
На целата мака, кај без дојка, ќелава, па и без уста. За среќа, брзо го средив тоа и еве ме жива и здрава“, рече таа, предизвикувајќи реакции кај публиката.
Средбата со питбулот беше само еден од досега нераскажаните моменти што Лила ги сподели со присутните. Во искрениот разговор таа зборуваше и за своето искуство со канцерот на дојка, хемотерапијата, реконструкцијата на градата, стравовите и начинот на кој успеала да продолжи со животот и работата.
Нејзината завршна порака беше во духот на песната што ја придружуваше на сцената – „Show Must Go On“: да ги искажуваме емоциите, да плачеме кога ни е тешко, но да не забораваме дека животот е убав.
Фото: Инстаграм