Изгледа дека Ирина Шајк оваа година не дошла во Кан за да заблеска, туку за да ги следи слепо правилата
Никому не му е јасно што се случило со една од најубавите жени на планетата, која периодов повеќе потсетува на калуѓерка одошто на топ-модел.
1. Првата грешка е црната коса која ја одзела сета радост од лицето на Ирина.
2. Втората грешка е строгото придржување до кодексот на облекување, па фустаните во кои се појавувала биле затворени, долги и некако здодевни.
3. Третата грешка е црната облека, која на некој начин оставала впечаток дека Ирина тагува.
Со оглед на тоа што годинава голотијата е забранета, Ирина се облекла од глава до петици, и тоа буквално.
Првиот ден на Канскиот фестивал облекла голем црн балски фустан со точки, додека косата ја стилизирала во висока пунџа. Фустанот од колекцијата Armani Prive есен/зима 2019 имал раскошно плисирано здолниште и предимензионирани балон-ракави. Широкиот фустан од презгодната Ирина направил гломазна појава, на која не се гледало ни струк, ни колк.
Поврзани објави
На вториот ден од Канскиот фестивал Ирина повторно се појавила во црно. Овој пат, станувало збор за сомотска блуза со долги ракави и здолниште со необичен крој под кое носела црни хулахопки. Не ѝ се гледало ни делче од кожата, бидејќи Ирина строго го испочитувала кодексот на облекување, па дошла покриена од глава до петици.
Третиот ден од Канскиот фестивал, на Ирина ѝ досадило да биде едноставна, па се појавила во старински фустан на „Ив Сен Лорен“ со пердуви, поради што новинарите ја нарекле „црн лебед“. Иако и овој пат била облечена во црно, Ирина барем ги покажала своите облини. Косата ја стилизирала така што изгледала како да е мокра, додека многумина добиле впечаток дека дошла директно од мочуриште, како вистински лебед.
Дали нејзината цел била да им покаже на организаторите на Канскиот фестивал дека со ова правило направиле грешка на векот? Само се надеваме дека ќе проработи инатот во неа, па вистинската Ирина повторно ќе дојде до израз.
ФОТО: Инстаграм