Почетна Убавина и здравјеТрифун Костовски открива како ја пронашол вистинската љубов – Убавина и здравје

Трифун Костовски открива како ја пронашол вистинската љубов – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Што сакаат жените и како нивните желби и очекувања изгледаат низ машките очи? Дали мажите и жените навистина се разбираат или понекогаш зборуваат на различни јазици кога станува збор за љубовта, партнерството и секојдневните односи?

Овие прашања беа во фокусот на разговорот „Што сакаат жените – низ призмата на мажите“, кој се одржа на Profemina 2026, а еден од најинтересните осврти на темата го даде Трифун Костовски. Тој отворено зборуваше за рамноправноста меѓу мажот и жената, за љубовта што ја открил во позрелите години и за сопругата Јасна, која денес ја смета за своја најголема поддршка.

Костовски не го крие разочарувањето од фактот што жената низ историјата често била потценувана во светот во кој доминирале мажите. Смета дека разликите меѓу половите постојат, но дека токму нивното меѓусебно надополнување ја прави врската посебна.

Мажот и жената имаат различности, но еден без друг не можат“, истакна тој, откривајќи дека вистинската љубов ја почувствувал дури во позрелите години.

Маж сум и не ми е срам да кажам дека имам навистина прекрасна сопруга, која ми е поддршка во сите тешки моменти. Додека не ја запознав Јасна, не бев свесен дека може да постои таква поврзаност меѓу маж и жена. Ние сме веќе 15 години заедно и секој ден сè повеќе и повеќе учиме еден за друг. Секој човек на светот мора да има силен партнер покрај себе за да успеат заедно по патот кон целта. Љубовта е најдлабокото нешто што може да се почувствува“, рече Костовски.

А кога станува збор за љубомората – чувство што често знае да ги наруши и најубавите љубовни приказни – неговиот одговор е дека со годините и искуството дошол до поинакво разбирање на партнерството.


Поврзани објави

На прашањето што е поголем проблем во една врска – љубомората или рамнодушноста, Костовски призна дека и самиот во минатото бил љубоморен, но дека денес не чувствува потреба за такви сомнежи.

Сум бил љубоморен во животот, но на оваа возраст и со ова искуство не сум љубоморен. Во секој миг ја чувствувам љубовта и немам простор кога да бидам љубоморен“, откри тој.

За Трифун Костовски, вистинското партнерство очигледно не е само заедничко минување низ животот, туку и постојано откривање, разбирање и поддржување на човекот покрај себе. А неговата приказна е потсетник дека љубовта понекогаш доаѓа тогаш кога најмалку ја очекуваме – и дека никогаш не е доцна да ја пронајдеме.

Текст: Бојана Стојменовиќ

Фото: Никола Даневски