Почетна Убавина и здравјеПерименопауза и менопауза без табуа – што треба да знае секоја жена за хормоналните промени – Убавина и здравје

Перименопауза и менопауза без табуа – што треба да знае секоја жена за хормоналните промени – Убавина и здравје

од nenad
3 минути читај за

Постојат животни фази за кои сè уште се зборува премалку, иако се дел од искуството на милиони жени. Перименопаузата и менопаузата се меѓу нив. За некои жени, промените се постепени и речиси незабележливи. За други, тие носат низа физички и емоционални предизвици што се одразуваат врз спиењето, расположението, енергијата, интимниот живот и квалитетот на секојдневието.

Но, колку навистина знаеме за овој период? Кои симптоми се вообичаени, кога е важно да побараме стручен совет и кои можности за справување со тегобите се достапни денес?

Токму овие прашања беа во фокусот на оваа студија на случај посветена на подоброто разбирање на женското здравје и потребите на жената во периодот на хормоналните промени.

Марија Кировска, магистер по фармација и претставничка на фармацевтската компанија ВАРУС, и д-р Павлина Коруноска, специјалистка по гинекологија и акушерство во ПЗУ „Коруноски“ разработија многу важно прашање: Како да се грижиме за себе?

Менопауза е фаза низ која поминува секоја жена, а е периодот по последната менструација кај жената ја започна студијата магистер Кировска. 

Првата фаза со која започнува овој циклус е климакс или состојба на пред-менопаузата а овој период може да трае неколку години. Најчесто жените тогаш чувствуваат промени во организмот и топли бранови во телото. По завршување на овој период од неколку години настапува менопауза каде жената една година воопшто нема никакво крварење, по оваа фаза следува фаза на пост-менопауза.

Кировска и постави прашање на д-р Коруновска како би се поставила кон 50 годишна жена која би дошла во нејзината ординација и би се пожалила на вакви симптоми, на што докторката одговори дека кон секоја пациентка има индивидуален пристап, а возраста кога се јавуваат на преглед за ваков проблем е помеѓу 45 и 55 години.


Поврзани објави

Кои се најчестите симптоми во овие фази?

Докторката ги наброја промените во расположението, нервоза, анксиозност. Истакна дека ненавремен третман би водел и до депресија. Вагинална сувост на кожата, печење при мокрење, неможност за сексуални односи се само дел од показателите дека поминуваме низ една од овие три фази – истакна д-р Коруновска

Менопаузалните симптоми влијаат и на работата на припадничките на понежниот пол па се случувало баш во овој период да добијат отказ на работното место додаде таа.

Двете дами им појаснија на присутните жени во публиката дека терапија и третман за овие три фази постои. Па го препорачаа лекот MENOELLE патентиран  комплекс од 3 азиски билки. Препаратот го опишаа како исклучително безбеден и клинички докажан. Жени по користење на MENOELLE во период од само 3 месеци имаат значително намалување на менопаузалните симптоми за цели 62%.

Најзабележителен бенефит од  MENOELLE е намалувањето на нервозата и намалување на топлите бранови во телото.

Кога станува збор за анксиозноста како појава, за нејзино намалување делува состојката шафран која е дел од составот на  MENOELLE а има комплетно смирувачки ефект.

Разговорот беше заокружен со прашањето КАКВА Е ОВАА ПАУЗА? На кое и двете се согласија дека жените кои поминуваат низ овие фази не треба да направат никаква пауза од животот и од секојдневните обврски и активности. Бидејќи овој период е минлив и рaсположението се регулира со помош на MANOELLE.