Самодовербата не се гради исклучиво со големи успеси, важни одлуки и животни пресвртници. Понекогаш, таа започнува со навидум мали нешта – утрински ритуал, омилен парфем, внимателно избрана облека или ситница што ни дава чувство на сигурност и подготвеност да се соочиме со предизвиците на денот.
Токму моќта на овие мали, но значајни моменти беше во фокусот на разговорот „Самодоверба: моќта е и во малите нешта“, кој се одржа во рамките на конференцијата Profemina 2026.
Со Моника Миленкоска, бренд-менаџерка во „Орбико Македонија“, разговорот го водеше Јована Стојменовиќ, главна и одговорна уредничка на „Убавина и здравје“, а се отворија прашањата за женската самодоверба, секојдневните навики и личните ритуали што можат да влијаат врз начинот на кој се чувствуваме, се доживуваме себеси и настапуваме пред светот.
Колку пати сме посакале да имаме само малку повеќе самодоверба, мене ми требала за да се спротивставам, некому да му пријдам, да аплицирам за работно место… Сите тие несигурности во животот може да не’ чинат големи неуспеси во животот.
Како Моника Миленкоска ја доживува самодовербата?
Колку повеќе реботиме на себе, толку повеќе добиваме самодоверба. Задржувањето на негативните мисли мора да биде многу кратко – со помош на психолошки книги, но внимателно, со читањето книги час два дневно, задржувањето на позитивните мисли. Неопходно е да живееме во сегашноста, тоа што поминало не можеме да го вратиме, затоа важен е мигот сега.
На прашањето за градењето самодоверба во професијата, Моника го посочи следново:
Поврзани објави
Многу е важно како ние им изгледаме на другите луѓе, јас работам во машки бизнис, работам во дистрибуција, во оваа пригода ги поздравувам моите колеги од Орбико Македонија, и секојдневно им велам дека мора заедно да оствариме нешто, нешто на што ќе бидеме горди, всушност, моето бодрење, преку точна програма, конкретни активности, и помош, сметам дека со тоа им ја олеснувам работата и ја градам мојата слика во нивните очи, истакна Миленкоска.
Малите ритуали како сојузници на самодовербата
Кои се малите нешта без кои ретко излегуваме од дома и што секогаш носиме во чантата? И, можеби најважно, како секојдневните навики и производите што ги користиме можат да прераснат во наши мали сојузници во текот на денот?
Она без што не изгледувам од дома и што е секогаш во мојата чанта се бонбоните од брендот што го работам над 15 години – Fisherman’s Friend.
Под покровителство на Fisherman’s Friend, разговорот понуди поинаква перспектива за самодовербата – не како состојба во која никогаш не се сомневаме во себе, туку како способност да си бидеме сопствена поддршка и во моментите кога ни е најпотребна.
Со 160-годишна историја, препознатлив вкус и интензивно освежувачко дејство, Fisherman’s Friend се вклопува во приказната за малите нешта што нè придружуваат во различни моменти од секојдневието.
Profemina 2026: Ден посветен на инспирацијата и новите перспективи
Самодовербата не мора да почне со нешто големо. Понекогаш, доволен е мал ритуал, познат вкус или омилена ситница што нè потсетува дека сме подготвени да му одговориме на денот со поголема сигурност.
Овие прашања беа повод за разговор за личните избори, малите задоволства и ритуалите што ни помагаат да се чувствуваме поподготвено, посигурно и повеќе свои.
Токму ваквите теми, кои ги поврзуваат личниот развој, секојдневните искуства и женската самодоверба, се дел од програмата на Profemina 2026, која се одржува денес, на 29 октомври во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје.
Бидете дел од разговорите што инспирираат, охрабруваат и отвораат нови перспективи.
Текст: „Убавина и здравје“