Почетна Убавина и здравјеИнфлуенсерите без филтер – од лајкови и прегледи до сериозен бизнис и вистинско влијание – Убавина и здравје

Инфлуенсерите без филтер – од лајкови и прегледи до сериозен бизнис и вистинско влијание – Убавина и здравје

од nenad
7 минути читај за

Од градење личен бренд и соработки со компании до притисокот од постојаната присутност на социјалните мрежи – панел-дискусијата „Инфлуенсерите без филтер“ ги отвора вистинските предизвици на современото инфлуенсерство. Во фокусот се довербата на публиката, автентичноста и претворањето на дигиталното влијание во одржлив бизнис.

Панел-дискусијата „Инфлуенсерите без филтер“, дел од Профемина 2026, е посветена на реалната страна на инфлуенсерството и предизвиците што остануваат скриени зад фотографиите, видеата и илјадниците прегледи.

Разговорот ги опфаќа градењето личен бренд, одржувањето автентичност, професионалните соработки и одговорноста кон публиката, во време кога личниот профил сè почесто прераснува во препознатлив бренд и сериозна деловна приказна.

Дискусијата ја модерира Николина Славковска, позната како Нина Ред, а учествуваат Христина Младенов, Александар Динев, Луна Стефаноска и Емакулате Вандера Блажеска.

Денес секој може да отвори профил и да функционира на социјалните мрежи, бидејќи сите имаме убави слики и знаеме да уредиме фотографија. Сепак, постои голема разлика помеѓу тоа да имаш убав, шарен профил со филтри и навистина да имаш влијание врз луѓето. За да стекнеш такво влијание, потребно е да изградиш многу поголема доверба со заедницата што те следи. Мене ми е многу мило што со моите следачи имам создадено позитивна заедница, која ми помогнала многу пати кога сум била во тежок период. Тој изграден однос и меѓусебна доверба не се стекнуваат лесно, и токму таму е клучната граница. Со довербата доаѓа и огромна одговорност, особено кога имаш помлада публика или мајки кои ги следат содржините што ги креирам за децата. Затоа, многу внимавам на секој чекор и на секоја објава, бидејќи влијанието е многу повеќе од само една убава слика на Инстаграм“, вели Христина Младенов.

Динев истакна дека од секогаш знаел дека може да има влијание, односно претприемачки дух.

Јас уште од кога почнав да снимам на социјалните мрежи знаев дека во себе имам претприемачки дух. Отсекогаш сакав да креирам нешто свое, само не знаев што ќе биде тоа. Долго време имав доста обиди да направм свој бренд и голем дел од тие беа неуспешни, сè додека не се случи „Динев Снекс“. Е сега, една од причините зашто сакав да имам сопствен бренд е затоа што – пак ќе кажам – ја имав таа желба да бидам претприемач, меѓудругото мислам дека тоа ми дава некоја многу поинаква тежина како креатор. Затоа што да, јас снимам видеа на социјалните мрежи, објавувам и сè тоа, но исто така имам и оваа бизнис страна, каде што размислувам стратешки за производиве, веќе планирам и други производи за за наредна година… Не ги откриваш? Не ги откривам [се смее]! Тоа за наредно гостување“, вели Александар Динев.

Луна пак истакна дека многу е важно и во која генерација припаѓаш:

Буткаш пат патека која што никогаш не си мислел дека можеш да ја одиш, но сепак го правиш тоа со љубов, и мислам дека тоа е тоа што го прави да вреди. Нашата генерација е сепак многу по, како да кажам, полесна од аспект дека сме многу повеќе навикнати на навреди на интернетов и слично. Сметам дека постарите генерации не би можеле толку лесно да се носат со ова. На нас ни е некако како хит коментар: „Океј, да, нормално, со добро утро, добро ве најдов, да.“ Само овака ќе го поминиш од страна и продолжуваш назад. Да, мислам дека тоа е нашата генерација, поради тоа што можеби така и околу друштва да сме биле слични, мислам дека не е добро тоа што самиот булинг го имаме толку многу нормализирано. Христина, денес секој може да отвори профил, да функционира на социјалните мрежи, но не секој може да изведе влијание“, вели Луна Стефаноска

Емакулате Вандера Блажеска пак акцент стави на пазарот.


Поврзани објави

Кенија е голема земја со многу население и публика, каде што социјалните мрежи претставуваат огромен дел од секојдневниот живот, а пазарот за инфлуенсери е доста поразличен“, вели Емакулате Вандера Блажеска

Преку своите искуства и различни перспективи, панелистите зборуваат за работата зад секоја објава, притисокот од постојаната присутност на социјалните мрежи, границата меѓу приватниот и професионалниот живот и можностите за монетизација.

Во фокусот е прашањето како дигиталната популарност да се претвори во стабилна кариера, без да се изгубат автентичноста и довербата на публиката.

Кавгите се навистина реални, колку и да изгледа сецкано-монтирано – сепак е реално, публиката тоа го забележува дека сме реални. Кога се работи пак за содржина за бренд, односно реклама секако дека има кавга но во фокус на работата. Немало сериозни кавги, но важно е да имаш своја автентичност, сооглед дека во голем дел од содржините ми е вклучен и сопругот. Но морам да кажам дека слатка беше првата заработка која беше околу 50 евра. Од днешна перспектива, што се однесува до прифаќање соработка зависи кој е брендот. За некои прифаќам веднаш па потоа разговарам за пари, дури сум и скокала од радост што ми се случува соработка“, вели Христина Младенов

Александар Динев тој откри како се менувал неговиот пристап кон соработките со брендовите низ годините, нагласувајќи дека довербата на публиката е клучна за долгорочен успех.

Не сум согласен дека секој треба да биде претприемач, многумина почнале но знаеме како успеале односно не успеале. Јас сакам со мојот бренд да одам на ниво и на Балканот, но сепак е многу тешко, мене ми требаа 4 години за свој бренд, а сум 8 годинини на социјалните мрежи. Важни се амбициите, да креираш свое. Кога си инфлуенсер мора да си спремен на се ако сакаш навистина да успееш. Морам да кажам дека има разлика кога си само инфлуенсер и кога си претприемач во однос на тоа што го создаваш. Многу им е чудно како на 23 години имаме бренед, ме почитуваат повеќе. Кога ќе се навратам назад низ времето паметам дека првиот ангажман ми беше 1.000 денари и тоа за две видеа. Од денешна гледна точка анализирам пред соработка, гледам кој и каков е брендот, важно ми е да се задржи довербата со тие кои ме следат. Навистина одбирам со кој ќе работам, искрено на 17 години направив голема грешка со еден бренд, објавив но по 24 часа се избришав и многу внимавам на такви работи“, вели Александар Динев

Луна Стефаноска нагласи дека автентичноста и вреднувањето на сопствениот труд мора да останат приоритет, посочувајќи дека не прифаќа соработки за компензација, бидејќи креирањето содржина е работа.

Ми се јави еден голем бренд, за првиот пат зборувам, бев толку многу возбудена. Мислам дека тие први соработки со големи брендови не оформуваат во нашата природа, во начинот на креирање на содржина. Во иднина се гледам како правник и не би зборувала за тоа колку заработив. Најважно е дека со текот на времето ќе растат заработките, но мора да сме свои па макар да бил  каков брендот. Ми се јавувале и за компензации, но за тоа не се нафаќам, тоа ни е е работа и единствен начин на заработка. Би истакнала дека секој вреди да се обиде, да проба, дури и да не успееш ќе знаеш дека не си успеал, отколку цел живот да се прашуваш што ако успеев“, вели Луна Стефаноска

Блажеска пак истакна дека ужива да сретне конструктивна критика:

Јас живеам за критиките, ако ги нема значи немаш влијание. Ако критиките се конструктивни можам да научам, а и со тоа да растам. Сум забележала многу негативни коментари и свесна сум за тоа, сакам да видам кај грешам и да променам ако е за промена. Што се однесува до соработките и заработката зависи од многу работи и не е лошо, но пред две години ја добив првата заработка, односно бев ангажирана“, вели Емакулате Вандера Блажеска

Профемина 2026 се одржува на 29 октомври во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје, собирајќи учесници на конференција посветена на актуелните теми, предизвици и можности во современото општество. Настанот започнува во 10:00 часот.

Фото и текст: Убавина и здравје