Денсерот Ѓоле Ѓогани јавно го изрази своето незадоволство кон Лепа Брена, откривајќи ја причината поради која дошло до сладирање на нивните односи и конфликт кој привлече големо внимание во јавноста.
Ѓогани истакна дека ѝ замерил на пејачката бидејќи не одговорила на неговиот повик да биде дел од неговиот документарен филм „Живот и сцена“. Поради тоа што не добил никаков одговор, тој бил приморан целосно да го исфрли материјалот за Брена од филмот на кој работел дури шест години.
Поврзани објави
„Брена секогаш се дистанцираше од мене. Мислам дека се навреди кога реков дека во тој период не се појавила ниедна голема ѕвезда, а тогаш главни во ‘Гранд’ беа Дадо Полумента, Бобан Рајовиќ и Оља Карлеуша“.