Оваа домашна проја е совршена за појадок, ужина или со јогурт, кисело млеко и домашен ајвар
Домашната проја е неизоставен дел од нашата кујна, бидејќи воодушевува со вкусот и со брзата подготовка. Совршена е за појадок, ужина или како додаток со јогурт, кисело млеко или домашен ајвар.
Приготвувањето е лесно, а одзема помалку од еден час. Еве како да приготвите проја кога ќе биде сочна однатре, а крцкава однадвор…
Состојки:
- 2 шолји пченкарно брашно
- 1 шолја пченично брашно
- 1 шолја масло
- 2 шолји кисела вода или јогурт
- 2 јајца
- 1 лажиче сол
- 1 кесичка прашок за печиво
- 200 г сирење (по желба)
Приготвување:
Во поголем сад измешајте пченкарно и пченично брашно, прашок за печиво и сол. Додајте јајца, масло и кисела вода (или јогурт), па сето тоа добро соединете го со миксер. Ако сакате побогат вкус, додајте и дробено сирење и спанаќ.
Поврзани објави
Префрлете ја смесата во подмачкан плех или обложен со хартија за печење.
Печете во претходно загреана рерна на 200 степени околу 30 минути, додека зарумени и добие крцкава коричка.
Извадете ја од рерна, оставете ја да се олади кратко, па пресечете ја на коцки и послужете ја.
Домашната проја е најдобра додека сè уште е топла, со чаша јогурт или кисело млеко, а утредента еднакво вкусна е и ладна.
Од овие состојки излегуваат 8-10 парчиња, а едно парче има околу 150 калории.
ФОТО: Freepik