„Адидас ја тужеше австралиската модна марка Вајт фокс поради продажба и рекламирање облека со дизајн со четири линии, тврдејќи дека дизајнот е многу сличен на нивното заштитено лого“, пренесе Би-би-си.
„Многупати досега баравме од компанијата да ја повлече оваа серија од продажба, но таа одби да го стори тоа, велат од „Адидас“.
Ваквото обвинување било отфрлено од страна на адвокатите на фирмата, кои пред Федералниот суд во Сиднеј, посведочиле дека „Адидас“ нема основа за тужба, нагласувајќи дека слично лого имаат и други фирми, меѓу кои и „Котон он, Спортскрафт и Гласонс“.
„Со употреба на логото „Вајт фокс“ го загрозува угледот на нашиот тужител, се наведува во соопштението на бранителите на „Адидас“
По првичните информации, судењето за овој случај треба да започне на почетокот на 2027 година, со временски период од 3-4 дена.
„Вајт фокс“ е онлајн фирма која е тренд меѓу помладата публика во Австралија, Велика Британија и САД. Таа ја стекнала својата препознатливост преку засилен маркетинг, вклучувајќи плакати, реклами на автобуси и соработки со инфлуенсери.
Извор: МИА