„Келнер, дај полнач“ – кога душата ти е на 1%, а животот ти бара уште една тура!
Во чад од цигари, со полни чаши и срца што одамна престанале да глумат дека се добро, се раѓа „Келнер, дај полнач“ – провокативен поетско-илустраторски проект на Матеа Јанковска, актерка во улога на поетеса, и илустраторките Дина Ристовска, Бранкица Јордановска и Воскресија Андреевска.
Проект што влегува таму каде што кафаната најдобро знае да стигне – во љубовта, страста, зависностите, болката, разочарувањата и сите оние работи што најлесно се кажуваат после полноќ.
Но, тука празнењето не е пораз. Напротив – понекогаш мораш да се испразниш до последната капка за да се исчистиш од сè што одамна ти стои на душа.
Поврзани објави
21 октомври, 19:00 часот – МКЦ.
На 21 октомври во МКЦ ќе се одржи отворањето на изложбата „Келнер, дај полнач“, каде поезијата и илустрациите ќе се сретнат во една необична кафанска приказна.
На настанот ќе биде достапно и џебното издание на книгата „Келнер, дај полнач“, кое посетителите ќе можат да го купат и да си го понесат дома – или на шанк, каде што веројатно и ќе биде најбезбедно.
“Келнер, дај сметка! Вечерва душава части!”