Љубовта што со години се одвиваше на релација Скопје–Сплит доби среќен крај, а младенците ја споделија радоста со фотографии од нивниот посебен ден.
Адријана Ацеска, пејачката која македонската публика ја памети по големиот хит „Кеш, кеш“, има причина за големо славење. Таа стапи во брак со својот долгогодишен партнер Дино Филипов, а свадбата се одржа токму во градот со кој со години е поврзана нивната љубовна приказна – Сплит.
Дино подолго време живее и работи во Далмација, каде што има сопствен бизнис, па нивната врска со години функционирала на релација Скопје–Сплит. Во меѓувреме, Адријана очигледно не се вљубила само во Дино, туку и во самиот град, па токму Сплит бил логичниот избор за нивниот голем ден.
Невестата за свадбата избрала бела венчаница, која ја надополнила со нежен бидермаер. Косата ја носела во висок раскошен коњски опаш, а изгледот го заокружила со суптилна шминка и темни очила за сонце.
Дино, пак, се одлучил за едноставна и елегантна комбинација – бела кошула и панталони во нијанса инспирирана од морскиот песок.
На прославата биле присутни нивни блиски пријатели, меѓу кои и пејачката Тања Јовановска, која е блиска пријателка на Адријана.
Поврзани објави
Младенците дел од среќата ја споделија и со своите следбеници, објавувајќи фотографии од свадбата со кратка, но доволно јасна порака:
Успеавме! Ние сме сега Господин и Госпоѓа Филипов“.
Така, по долгогодишната љубов и живот на релација две земји, Адријана и Дино го направија најважниот чекор – сега и официјално се семејство.
Screenshot Instagram – Screenshot youtube