И тоа се случи…
Пејачката Милица Тодоровиќ синоќа имала настап на приватна забава, но во еден момент работите тргнале наопаку, односно се случил помал инцидент.
Тодоровиќ удрила келнерка за време на настапот на прославата. На песната „Чик погоди“ со оркестарот на Александар Софронијевиќ, Милица била толку понесена од атмосферата што не ни забележала кога случајно ја удрила келнерката со лакт.
Поврзани објави
Пејачката веднаш и се извинила на девојката, а потоа продолжила со песната. За ова, секако, никој не ја обвини победничката на Ѕвездите на Гранд, бидејќи сепак се работи за несреќен случај. Келнерката само се насмевнала и го прифатила извинувањето.
Фото: Инстаграм