Хали Бери остана без заедничкото старателство над 12-годишниот син Масио, откако нејзиниот поранешен сопруг, Оливие Мартинез, ја обвини дека физички го малтретирала детето.
„Физички го малтретираше нашиот син така што скокаше врз него и го давеше“, навел Мартинез во судски документ.
По овие наводи, судот издал привремена забрана со која на Хали Бери ѝ се ограничува контактот со синот.
Според одлуката, Бери не смее да му се приближува на Мартинез и на својот син на помалку од 90 метри. Таа го изгубила правото на заедничко старателство и ќе може да го гледа синот само два дена во текот на работната недела, секоја втора недела, сè до следното судско рочиште, закажано за 16 октомври.
Актерката е длабоко погодена од одлуката
Актерката е „длабоко погодена“ од ситуацијата, но „нема да дозволи тоа да ја спречи да се бори за најдобриот интерес на Масио и да му ја обезбеди љубовта и поддршката што му се потребни“, пренесува „Дејли мејл“.
Сè започнало откако Оливие Мартинез поднел ново барање до судот за промена на старателството, тврдејќи дека Хали го турнала синот на подот и го принудувала да „признае пораз“.
Во судските документи се наведува дека Бери повеќепати „го фаќала синот за врат одзади кога тој не гледал и го принудувала да признае пораз“. Таа, наводно, тврдела дека станувало збор за шега, но на нивниот син тоа не му било забавно.
Инцидентот поради кој била издадена забраната за приближување, наводно, започнал откако Хали му рекла на синот дека изгледа „многу глупаво“ и дека е „идиот“ додека игра виртуелна реалност со специјални очила.
Оливие Мартинез навел дека неговиот син му раскажал дека мајка му „влегла во неговата соба и почнала да го турка“. Според него, првичниот контакт изгледал како шега.
Масио, наводно, ѝ рекол на мајка си: „Престани. Само пушти ме прво да ја завршам играта“, што, според тврдењата на Мартинез, ја налутило Бери.
Таа, наводно, му рекла на синот дека изгледа глупаво со очилата додека игра, по што го турнала на подот и викала: „Кој е сега главен? Кој е главен?“
Во тој момент во собата влегол партнерот на Хали Бери, кој застанал на страната на момчето. Масио потоа решил да ја напушти куќата во која живеел со мајка си, му се јавил на татко му и почнал да се пакува. Наводно, го повикал Мартинез веднаш да дојде по него.
Подоцна истата вечер, Бери и Мартинез разменувале СМС-пораки. Тој ја прашал дали е во ред да дојде по синот, на што таа, според документите, му одговорила: „Секако дека не е во ред. Какво дете воспитуваме ние?“
Мартинез потоа дошол по синот, кој го чекал пред куќата со своите работи и со партнерот на Бери.
Поврзани објави
Подоцна таа вечер, Хали му испратила порака на Мартинез во која, меѓу другото, пишувало:
„Оливие, контактирав со Масио и побарав да разговарам со него. Знам дека сметаш дека тој сам донесува одлуки, но навистина би ценела ако го поттикнеш денес да разговара со мене. Ужасно се чувствувам поради тоа што се случи синоќа, а знам дека и тој се чувствува така.“
Мартинез тврди дека Масио веќе не сака да поминува време во домот на мајка си.
„Верувам дека можеби е трауматизиран од овој инцидент. Мојот мир е нарушен поради фактот што Хали Бери физички го нападна нашето дете“, напишал тој.
Мартинез тврди дека ова не бил прв инцидент
Според Мартинез, инцидентот од септември не бил првпат Бери физички да се однесува насилно кон Масио.
„И нашиот син и Хали ми зборуваа за претходни напади. И двајцата потврдија дека Хали без причина го напаѓала нашиот син и користела техники на давење што ги научила за време на тренинзите по мешани боречки вештини. Нашиот син повеќепати објаснувал колку тоа го мрази, додека Хали ја минимизирала сериозноста на тие инциденти, тврдејќи дека само се шегувала или си играла со него“, навел Мартинез.
Ситуацијата, наводно, ескалирала до степен што Масио му рекол на татко му: „Следниот пат кога ќе го направи тоа, ќе ја претепам.“
Мартинез понатаму наведува дека инцидентот од 26 септември, во кој Бери, според неговите тврдења, го давела нивниот син, е само последниот од серијата наводни случаи на физичко малтретирање.
„Тврдам дека во изминатите неколку години имало и други случаи на малтретирање. Тие вклучуваат дополнителни физички напади врз нашиот син, како и вербално и емоционално малтретирање што Хали го вршеше врз мене.“
Тој во документите наведува дека сите овие инциденти „го нарушиле неговиот мир“ и претставуваат однесување опфатено со законските одредби за заштита од семејно насилство.
Мартинез изразил и загриженост за, како што тврди, менталната состојба на Бери и нејзината употреба на алкохол, за која верува дека придонела за нејзиното наводно насилно однесување.
Тој исто така ја обвинил Бери дека пред околу пет години двапати го удрила Масио со тупаница во лицето.
„Свесен сум дека Хали Бери веќе го удирала Масио во лице“, навел тој. „Конкретно, двапати го удрила пред околу пет години. Иако немам непосредни сознанија за тој инцидент, верувам дека Масио би сведочел за тоа доколку од него го побара судот или судски вештак.“
Во август 2024 година, судијата го одбил барањето на Бери Мартинез да биде вклучен во терапија за заедничко родителство. Истата година, актерката побарала и целосно старателство над Масио, но тоа барање не било одобрено.
ФОТО: Инстаграм