Пејачот и член на жирито ги отфрли тврдењата дека гласовите и победниците однапред се договараат.
Пејачот Драган Којиќ Кеба отворено проговори за гласините што со години го следат музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“. Како долгогодишен член на жирито, тој ги коментираше обвинувањата дека гласањето и изборот на победниците однапред се договорени.
Кеба категорично ги отфрли таквите тврдења, посочувајќи дека во шоуто, според неговите зборови, сè се одвива регуларно и транспарентно. Тој нагласи дека ниту еден член на жирито никогаш не добил барање да гласа спротивно од своето мислење.
Според пејачот, секој од членовите на жирито одлуката ја носи самостојно, водејќи се од настапот и талентот што кандидатите го покажуваат на сцената.
Поврзани објави
Тоа се чисти измислици“, порача Кеба, отфрлајќи ги шпекулациите за какви било местенки во натпреварувањето.
Тој додаде дека и кандидатите и публиката можат да имаат доверба во регуларноста на шоуто. Кеба смета дека објективноста и посветеноста на жирито се меѓу причините поради кои „Ѕвездите на Гранд“ со години го задржуваат вниманието на публиката во регионот.
printskrin youtube – ZVEZDE GRANDA KRUPNO – GRAND ONLINE