Почетна Убавина и здравјеПесната и спотот веќе се промовирани (ВИДЕО) – Убавина и здравје

Песната и спотот веќе се промовирани (ВИДЕО) – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Младата пејачка од Струга ја доби песната со која ќе настапи во Малта, а покрај неа на сцената ќе има и три танчарки.

Ана Стојаноска од Струга е овогодишната македонска претставничка на Јуниор Евросонг, а денес за првпат официјално беше промовирана песната „Идната јас“, како и видеоспотот за неа.

Песната носи порака за самодовербата, детските соништа и храброста младите да останат свои додека го пронаоѓаат сопствениот пат. Музиката е на Николче Мицевски, додека текстот го потпишува Илчо Нечовски.

На сцената во Малта Ана ќе настапи со танчарките Калина, Каја и Елена, а кореографијата е на Илија Карадакоски. Македонската делегација ќе ја предводи шефицата на делегацијата Дијана Гогова.


Поврзани објави

Јуниор Евросонг 2026 ќе се одржи на 24 октомври во Малта, а МРТВ најави директен пренос од натпреварот со почеток во 21 часот.

За Ана ова ќе биде голема меѓународна сцена, на која ќе има можност да покаже што знае пред публика од Македонија и од цела Европа.

printskrin youtube