Почетна Убавина и здравјеТајната на добриот изглед се крие во ОВАА боја! – Убавина и здравје

Тајната на добриот изглед се крие во ОВАА боја! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Тајната за шик-изглед се крие во ОВАА боја

Принцезата Дијана остави незаборавна трага со својот единствен стил, а оваа есен се враќа во мода еден од нејзините најубави стајлинзи од 1990-тите – оној што ги спојува елеганцијата и лежерноста во совршена хармонија.

Принцезата Дијана во една пригода искомбинирала едноставни, тесни бели панталони со маслинестозелено сако со дупло закопчување, со што постигнала софистициран баланс меѓу опуштениот и формалниот стил.

Тајната на добриот изглед се крие во бојата на сакото што го одбрала, бидејќи темната нијанса на зелена изгледа скапо.

Притоа, добро е да ги следите постапките на Дијана при изборот на облека. Ставете акцент на половината, што таа ја истакнала со широк кожен ремен во кафена боја. Тоа му дава на стајлингот дополнителна структура и ја нагласува нејзината става.


Поврзани објави

Покрај тоа, белите панталони му даваат чистота и свежина на целиот ансамбл, додека кафените мокасини со контрастни детали совршени ја надополнуваат комбинацијата, додавајќи доза на старински шарм.

Една од причините зошто овој изглед повторно се враќа во мода е неговата безвременска елеганција, која одговара за различни пригоди. Оваа комбинација е совршена инспирација за секој што сака да се облече во знакот на префинетоста на принцезата.

Доколку сакате да го понесете овој изглед во 2024 година, пожелно е да осовремените, така што ќе додадете модерна чанта и модни додатоци во есенски тонови, како богата кафена нијанса или темноцрвена боја (бордо).

ФОТО: Пинтрест