Почетна Убавина и здравјеПовеќе од совршено ги поврзува музиката, хороскопот и ретро естетиката! Коментарите не запираат (ВИДЕО) – Убавина и здравје

Повеќе од совршено ги поврзува музиката, хороскопот и ретро естетиката! Коментарите не запираат (ВИДЕО) – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Пејачката започнува нова фаза со „ASTRO“, а првата песна е посветена на Вагата и доаѓа со видеоспот кој носи препознатлива филмска атмосфера.

Теа Трајковска започнува ново поглавје во кариерата со проектот „ASTRO“, во кој музиката се поврзува со астрологијата и внимателно изграден визуелен концепт. Новиот EP ќе содржи четири песни, секоја инспирирана од различен хороскопски знак, а прва пред публиката пристигнува „Карамела“.

Песната е авторско дело на Трајковска, додека музиката и аранжманот се на Лазар Цветкоски. Според пејачката, токму „Карамела“ била логичен избор за почеток бидејќи е една од најспецифичните композиции на EP-то и песна на која со тимот подолго време работеле.

„Карамела“ не доаѓа сама – приказната продолжува и преку визуелниот момент. Видеоспотот е снимен во ретро-филмски стил, со естетика која ја следи атмосферата на песната и дополнително го гради нејзиниот карактер. За визуелната реализација се погрижил Никола Наумовски.


Поврзани објави

А „ASTRO“ допрва ќе открива уште три музички приказни. Следуваат „Меѓу добро и зло“, инспирирана од Овенот, „Ноќта нема крај“, која го носи духот на Стрелецот, и „Ми амор“, посветена на Девицата.

Со четирите песни – „Карамела“, „Меѓу добро и зло“, „Ноќта нема крај“ и „Ми амор“ – Теа Трајковска гради свој музички свет во кој секој хороскопски знак добива поинаков звук, атмосфера и визуелен идентитет.

printskrin youtube