Почетна Убавина и здравјеКсенија Деспотоска откри како завршило доењето – Убавина и здравје

Ксенија Деспотоска откри како завршило доењето – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

По една година и осум месеци, доењето на ќеркичката Надја завршило речиси спонтано. Модната инфлуенсерка признава дека нејзе ѝ било потешко да се раздели од оваа блискост отколку на малото девојче.

Една вечер заспала без да побара да цица, ја преспала ноќта и утрото не побарала повторно. За Ксенија Деспотоска тоа бил знакот дека дошол моментот да го завршат доењето.

Модната инфлуенсерка, која со сопругот го очекува своето второ дете – син, сподели емотивно видео од последниот момент на доење со ќеркичката Надја, придружено со искрена исповед за едно од најинтимните поглавја во мајчинството.

Не мислев дека ова ќе биде крај, но среќа што си го снимив видеово да си го чувам за спомен. Приказната со Надја и доењето ја завршуваме тука“, напиша таа.

Еден знак бил доволен

По една година и осум месеци доење, Ксенија долго се прашувала како ќе изгледа нивното последно доење и како ќе знае дека е време да престанат. Но, Надја сама ѝ го дала одговорот.

Една вечер само заспа без да побара ‘тите’, спиеше цела ноќ и пак не побара кога стана. Тоа ми беше знак. Само си помислив: тоа е тоа, сега е моментот“, раскажа таа.

Помина една недела без доење. Надја понекогаш сè уште знае да побара преку ден, но без негодување прифаќа кога мајка ѝ ќе ѝ каже дека веќе нема.

„Некогаш ние мајките сме понеспремни да се откажеме“


Поврзани објави

Ксенија отворено зборува и за тешките почетоци – болките, неизвесноста дали бебето добива доволно млеко, грчевите и постојаната физичка поврзаност со детето.

Многу тежок пат, особено на почетокот, кога ништо не ти е јасно, те боли, не знаеш дали е доволно, па при секој бебешки плач се прашуваш дали е до мене, дали имам млеко или е гладно“, се присети таа.

И покрај сите предизвици, периодот го памети како едно од најубавите искуства.

Пресреќна сум што имав можност да дојам, што ѝ давав храна, сигурност и утеха цело ова време – една година и осум месеци. Некогаш ние мајките сме понеспремни да се откажеме отколку децата. Сега како да ми порасна бебето во девојче“, напиша Ксенија.

За неа, последното доење не било само крај на една навика, туку емотивно збогување со периодот во кој Надја сè уште била нејзиното мало бебе.

Видео: Инстаграм