Почетна Убавина и здравјеЕдниот тргна по стапките на својот легендарен вујко (ФОТО) – Убавина и здравје

Едниот тргна по стапките на својот легендарен вујко (ФОТО) – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Дора Проески со синовите Кристијан и Никола објави фотографија од одмор, а погледите веднаш ги привлече фактот колку пораснале момчињата кои на Тоше му биле огромна радост.

Дора Проески со години го чува споменот на својот брат Тоше и секојпат на посебен начин се потсетува на неговиот роденден. И годинава, на 25 јануари, денот кога легендарниот пејач ќе наполнеше 45 години, таа направи торта со свеќички и го одбележа датумот со емотивен гест посветен на својот прерано починат брат.

Најголема поддршка во животот Дора ги има сопругот Славен и синовите Кристијан и Никола. Токму со нив сега сподели момент од одмор, а фотографијата откри дека момчињата веќе пораснале во вистински млади луѓе. За семејството, тие се и една од најубавите врски со спомените на Тоше, кој бил особено близок со својот постар внук Кристијан.

Кристијан уште како дете имал посебно место во срцето на Тоше. Пејачот го носел со себе, а нивната блискост останала забележана и преку музиката – двајцата заедно ја отпеаја песната „My Little One“. Денес, Кристијан продолжува да ја негува музичката страна на семејството и тргна по стапките на својот познат вујко.


Поврзани објави

 

Тоше Проески трагично го загуби животот во 2007 година, но неговото име и музика и понатаму живеат меѓу публиката. За неговото семејство, споменот е уште посилен – преку фотографиите, песните, семејните моменти и малите традиции со кои Дора секоја година покажува дека нејзиниот брат никогаш не е заборавен.

Screenshot socijalni mrezi – Screenshot youtube