Многумина во бројот барале скриена порака, патна релација или некој таен код. Вистината, сепак, е многу поедноставна – и е поврзана со животот на музичарите на пат.
Поминаа четири децении откако „442 до Белград“ се појави на албумот „Јахачи магле“, но необичниот број и понатаму предизвикува љубопитност. Со години слушателите се обидувале да погодат што се крие зад него, па дури се појавила и теорија дека станува збор за километражата меѓу Белград и Загреб.
Бајага подоцна стави крај на шпекулациите. Според неговото објаснување, бројката немала никаква тајна симболика. Едноставно му била потребна добра рима, а бројот требало да создаде чувство на долг пат – нешто што тогаш било составен дел од секојдневието на бендот.
Поврзани објави
Во приказната се појавуваат и добро познатите слики од патувањата по настапи: замаглен прозорец, испрекинати линии на асфалтот и километри кои минуваат додека музичарите се враќаат дома. Токму од таквата атмосфера се родила идејата зад песната, без скриен код или комплицирана порака.
Песната има и посебна музичка приказна. Бата Божаниќ ја отсвирел темата, а Бајага смета дека неговата изведба ѝ дала траен печат на композицијата. „Јахачи магле“ е објавен во септември 1986 година и со текот на годините прерасна во едно од значајните изданија на југословенскиот рок, со мешавина од рок, реге, свинг и баладични моменти.
Screenshot youtube