Еден од најемотивните спомени на трагично загинатиот музичар сега има свое место во Струмица. Деталот со 63 ѕвезди на споменикот носи порака што ги обединува сите семејства погодени од трагедијата.
Во Струмица сега постои место кое ќе ја чува приказната за Ѓорѓи Ѓорѓиев – Џоче, музичарот кој низ тапаните остави свој препознатлив печат. Наместо класичен споменик, неговиот лик е поставен во композиција со тапан, со што и самиот симбол на музиката станува дел од споменот на човекот кој најголем дел од животот го поминал со музиката.
Посебно внимание привлекуваат 63-те ѕвезди поставени на тапанот. Тие не се само посвета за Џоче, туку потсетување на сите жртви од кочанската трагедија од март 2025 година. Така, споменикот од лична семејна болка прераснува во место на сеќавање за една цела трагедија.
Фото може да погледнете ОВДЕ
Идејата ја покренале негови блиски пријатели и музички колеги, а во реализацијата се вклучила и Општина Струмица. Со помош на донации биле обезбедени средства не само за изработката на бистата, туку и за уредување на просторот околу неа.
Отворањето било проследено со музика и настапи на млади струмички изведувачи кои го познавале и соработувале со Џоче. Посебно трогателен бил моментот кога Благица Калева ја отпеала „Солзи немам“, песна која добила сосема ново значење во тој момент. На сцената потоа застанала и неговата мајка Зорица, во вечер во која музиката повторно ги споила оние што го сакаат и не го забораваат Џоче.
Screenshot INSTAGRAM