Почетна Убавина и здравјеАзис му приреди на сопругот ноќ за паметење – Убавина и здравје

Азис му приреди на сопругот ноќ за паметење – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Американскиот сопруг на Азис за првпат проба ќебапи и тоа во Софија. Пејачот се пофали на социјалните мрежи и објави и видеа од нивното заедничко патување.

„Јас го донесов“,  напиша Азис, споделувајќи моменти од првата посета на сопругот на бугарската престолнина.

Двајцата беа облечени во усогласени тренерки и јакни. Првите фотографии од Софија ги направија пред храмот-споменик „Свети Александар Невски“, кој величествено блеска зад нив. Потоа позираа и пред светлечкиот сино-бел натпис „Ја сакам Софија“, во близина на храмот „Света Софија“, а вечерта ја завршија со вечера во локален ресторан.

Азис го почестил сопругот со ќебапи, ќофтиња, помфрит и две салати, грав и мешавина од зелка и морков.

 

Зад нив се забележуваше и еден необичен знак, кој Азис го фотографираше посебно:
„Внимание! Кој јаде ќебапи, не зема апчиња.“
Пејачот дури го превел натписот на англиски, специјално за сопругот, хирургот со кој се ожени неодамна во САД.

 

Фото: Инстаграм Принтскрин https://www.instagram.com/azis_online_new/