Ако сакате сочни и освежителни десерти, ова е рецепт кој вреди да го пробате. Палентата му дава посебна текстура, а лимонoт и кокосот создаваат одлична комбинација.
Овој колач е едноставен за подготовка, но изгледа и вкуси поинаку од класичните домашни десерти. Сочната смеса, цитрусната свежина и нежниот вкус на кокос го прават одличен избор за попладневно кафе или лесен десерт по ручек.
За подготовката се потребни палента, пченично брашно, кокосово млеко, кокосово брашно, јајца, кисела павлака, путер, шеќер, лимон и прашок за печиво. Одозгора може да се заврши со едноставна глазура од шеќер во прав и кокосово млеко.
Најпрво омекнатиот путер се мати, а посебно се мешаат јајцата и шеќерот. Потоа смесите се соединуваат и се додаваат павлаката, кокосовото млеко, кокосот, лимоновата кора и сокот. На крај се вмешуваат палентата, брашното и прашокот за печиво, а смесата се пече додека колачот не добие убава златна боја.
Поврзани објави
Рецептот е доволен за околу 12 парчиња
Целата подготовка со печењето трае околу еден час и десет минути. Кога ќе се излади, исечете го на коцки и посипете го со шеќер во прав или прелијте го со лесна лимонска глазура.
pexels – kolac so limon – pita