Начинот на кој го започнувате денот може да влијае на енергијата, концентрацијата и расположението повеќе отколку што мислите.
Повеќето луѓе веднаш по будењето го земаат телефонот в раце, ги проверуваат пораките или социјалните мрежи. Иако изгледа безопасно, експертите предупредуваат дека токму оваа навика може да предизвика стрес уште во првите минути од денот и да ја намали концентрацијата.
Освен тоа, многумина го прескокнуваат појадокот или денот го започнуваат само со кафе. Според нутриционистите, телото по будењето има потреба од вода и хранлив оброк за да функционира правилно и да има доволно енергија.
Поврзани објави
Доволни се неколку мали промени – чаша вода, неколку минути без телефон и кратко движење или изложување на дневна светлина. Овие едноставни навики можат да помогнат да се чувствувате посвежо и попродуктивно во текот на целиот ден.
Наместо денот да започне со брзање и стрес, одвојте неколку минути за себе. Малите промени во утринската рутина често носат големи резултати за здравјето и расположението.
pexels – spalna – spienje – krevet