14-годишната Тамара Грујеска освои трето место на „Сан Ремо Јуниор“ во Италија
Објавено на 04/01/2025
Тамара Грујеска имаше одличен настап на фестивалот „Сан Ремо Јуниор“, на кој беа пријавени повеќе од илјада кандидати.
14-годишната пејачка од Македонија го освои третото место и настапи на големата сцена во театарот „Аристон“ со евровизиската песна „Rise Like a Phoenix“.
„Прекрасен настап и изведба на Светското финале на Сан Ремо Јуниор 2025 Италија. Освоено трето место во исклучително квалитетна конкуренција на овој светски фестивал. Навистина е големо задоволство да се пее на Сан Ремо Јуниор и да се претставува Македонија низ светот“ – стои во објавата на Тамара.
„Трето место на Сан Ремо Јуниор за нашата Тамара Грујеска. Имаше над илјада пријавени кандидати, а Тамара се пласираше во големото финале каде после изведбата во живо со оркестар, во конкуренција од 25 финалисти го освои високото трето место. Честитки за извонредниот успех, Македонија се гордее со тебе! Благодарност до сите кои ни дадоа поддршка!“ – стои во објавата на Андријана.