Table of Contents
Задолжително морате да го испробате овој колач со јаболка по домашен рецепт
Овој колач е многу поздрава опција ако ви се пријаде нешто слатко, посебен шмек му дава афионот, а одличен избор е и за ненајавени гости, бидејќи можете да го послужите на најразлични начини.
Предлози за послужување
Колачот самиот по себе е превкусен, па можете само да го оладите и веднаш да го послужите. Но ако сакате да си играте со вкусовите, можете:
1. Да направите глазура од какао, мед и кокосово масло и да го премачкате колачот.
2. Да го послужите со топка сладолед.
3. Да направите ганаж од црно или бело чоколадо и да го прелиете десертот.
Поврзани објави
Состојки:
- 1 кг јаболка
- 1 кесичка прашок за печиво
- 100 г афион
- 1 чаша јогурт
- 4 полни лажици мед
- половина шолја масло
- 1 шолја брашно тип 500
- 1 шолја брашно од хелда
- 1 шолја палента
- 3 јајца
Приготвување:
Исчистете ги и изрендајте ги јаболката, па префрлете ги во поголема чинија.
Во јаболката додајте ги сите преостанати состојки, добро измешајте за да се соединат убаво. Ако смесата е поретка, додајте уште малку палента. А ако е погуста, додајте малку кисела вода, јогурт или млеко. Обложете плех со хартија за печење и сипете ја смесата.
Загрејте ја рерната на 220 степени, ставете го плехот и печете околу 10 минути. Потоа, намалете ја температурата на 200 степени и продолжете со печење уште 20-тина минути. Проверете со чепкалка дали колачот е готов. Ако смесата и понатаму се лепи малку за чепкалката, продолжете со печење уште 5-10 минути, во зависност од рерната.