Почетна Убавина и здравјеОливија Вајлд ја загрижи јавноста со својот изглед – Убавина и здравје

Оливија Вајлд ја загрижи јавноста со својот изглед – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Оливија Вајлд важи за личност која редовно вежба и води здрав живот, но овој пат сите се шокирани поради нејзиниот изглед

Трачовите за тоа како Оливија Вајлд не изгледа здраво стануваат сѐ погласни. Нејзиното последно појавување во фустан со длабок изрез само ги засили коментарите на нејзините обожаватели кои тврдат дека претерала со инјекциите за слабеење.

„Го добила тоа оземпик лице“, „Зошто си го направила ова на себе“, „Што не е во ред со актерките во Холивуд“, се прашуваат многумина.

Многумина се прашуваат зошто се случило ова со оглед на тоа што Оливија е позната по тоа што редовно оди во вежбалница и води здрав и спортски живот.

Од почетокот на 2026 година таа стана исклучително слаба, додека нејзиното појавување на Мет галата стана вирално, бидејќи сите ја споредуваа со ликот Голум од „Господар на прстените“.


Поврзани објави

Пред да заврши во центарот на вниманието поради изгледот, се зборуваше за нејзиниот љубовен живот. Имено, таа го остави актерот Џејсон Судеикс, со кого беше свршена и има две деца, заради пејачот Хари Стајлс, кој е 11 години помлад од неа.

Пејачот и актерката беа кратко во врска, па Стајлс ја остави што Оливија тешко го поднесе. Таа ѝ се посвети на работата како режисер и продуцент, па многумина сметаат дека можеби тоа е причината за нејзиното губење килограми и уморниот изглед.

Нејзините најнови фотографии покажуваат исклучително слаба и уморна личност, додека странските медиуми го фалат нејзиниот изглед. Тоа натера многумина да коментираат на фотографијата од актерката и да пишуваат:

„Не правете го ова. Не го прикажувајте овој изглед како ‘неверојатен’. Што се случува во Холивуд токму сега?!“