Почетна ЕкономијаАко патувате денес, внимавајте: АМСМ посочи неколку ризични делници

Ако патувате денес, внимавајте: АМСМ посочи неколку ризични делници

од nenad
1 минути читај за

Фото: https://pixabay.com/photos/road-highway-journey-asphalt-5089188/

09/08/2026 9:12
ЛОКАЛНО

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. е