Во „Паркот на бранители“ во Драчево ќе се одржи едукативна трибина под мотото „Заедно за рано откривање, заедно за живот“, во организација на Општина Кисела Вода, во соработка со Здружението „ХЕМА-ОНКО“.
Целта на трибината е подигнување на свеста за значењето на превенцијата и навременото откривање на малигните заболувања, како и информирање на граѓаните за редовните здравствени прегледи и можностите за рана дијагноза.
На настанот ќе се разговара за важноста на превентивните прегледи, препознавањето на раните симптоми и навременото реагирање, со порака дека раното откривање може да биде од клучно значење во лекувањето.
Трибината е дел од активностите насочени кон поголема информираност и поддршка на граѓаните во борбата против малигните заболувања.