Почетна Убавина и здравјеСтари рецепт за тирамису од италијанските „нони“: Се топи в уста, а освежува подобро од сладолед

Стари рецепт за тирамису од италијанските „нони“: Се топи в уста, а освежува подобро од сладолед

од nenad
1 минути читај за



Стар италијански рецепт за тирамису кој се приготвува многу брзо, без готвење филови или печење кори – едноставно и превкусно

Брз колач кој е кремлив, лесен и не изискува посебни кулинарски вештини – тоа е италијанското тирамису! Во овој десерт се содржи сета мудрост на Италијанките – брзо и лесно ќе го приготвите, а ќе уживате на раат.

Состојки:
  • 6 домашни јајца
  • 300 г шеќер
  • 150 мл слатка павлака
  • 1 пакување пишкоти
  • 300 мл филтер-кафе
  • какао
Приготвување:

1. Кремливо изматете ги жолчките и шеќерот додека побели смесата.

2. Во неа додајте ги изматените белки во снег, а потоа и добро изматената слатка павлака.


Поврзани објави

3. Измешајте ги смесите и тргнете ги на страна.

4. Сварете филтер-кафе и во него потопувајте ги пишкотите, па редете и филувајте.

5. Завршете со тенок слој крем и посипете со какао.

Погледнете го видеото во продолжение за подетални упатства…

ФОТО: Инстаграм