Почетна Убавина и здравјеПечурки полнети со фета: Се приготвуваат брзо, а вкусот е неверојатен

Печурки полнети со фета: Се приготвуваат брзо, а вкусот е неверојатен

од nenad
1 минути читај за

Крцкави однадвор, а меки и сочни однатре, печурките полнети со фета се совршен избор кога сакате брз, вкусен и ароматичен оброк.

Комбинацијата од кремаста фета, ароматични зачини и печени печурки создава богат вкус на кој тешко може да му се одолее, а рецептот е толку едноставен што успешно ќе го приготват и почетниците во кујната.

Може да се послужат како лесно предјадење, прилог или вечера со салата, а најдобро од сè е што се приготвуваат за многу кратко време.

Уживајте!

Состојки:

✔️ 12 поголеми шампињони
✔️ 150 г фета-сирење
✔️ 2 лажици маслиново масло
✔️ 2 чешниња лук
✔️ 2 лажици свеж магдонос
✔️ 1 лажица суво оригано
✔️ сол и бибер
✔️ 3 лажици презла
✔️ пармезан

Приготвување:


Поврзани објави

Исчистете ги и измијте ги печурките, а потоа одделете им ги стебленцата. Наредете ги шапките врз хартиена салфета за малку да се исушат и да бидат подготвени за полнење.

Во сад измешајте го издробеното фета-сирење, маслиновото масло, ситно сечканиот лук, магдоносот и ориганото.

Додајте малку сол и бибер, имајќи предвид дека фетата е доволно солена. На крај вмешајте ја презлата.

Со приготвената смеса наполнете ја секоја шапка од печурките и нежно притиснете за филот да остане на место. По желба, одозгора наросете малку рендан пармезан за дополнителна крцкавост.

Наредете ги полнетите печурки во огноотпорен сад или тепсија. Печете ги во претходно загреана рерна на 190 степени околу 20 минути, додека омекнат, а површината добие златнокафеава боја.

Фото: Freepik