Сопругот ѝ се смеел на сопругата поради нејзините суеверни идеи, но овој пат немало враќање назад
Користењето вештачка интелигенција излезе надвор од контрола, па така една жена со помош на ChatGPT открила дека сопругот ја изневерува и веднаш поднела барање за развод, без други докази. Оваа жена ѝ се обратила на апликацијата за да ѝ прочита талог од кафе во шолја, со цел да си ја предвиди иднината, а потоа дознала дека сопругот крие тајна од неа.
Жената, која била во брак повеќе од 12 години и е мајка на две деца, наводно прикачила фотографии од остатоците од кафето во нејзината и шолјата на сопругот, барајќи од ChatGPT да ги протолкува. Одговорот бил шокантен: вештачката интелигенција, наводно, сугерирала дека нејзиниот сопруг ја изневерува, односно дека е во врска со помлада жена, која планирала да им го уништи семејството.
Нему му предвидела љубовница, а нејзе развод
Апликацијата дури и укажала на мистериозна жена со иницијал „Е“ како „судбински партнер“ на нејзиниот сопруг, додека нејзиното читање навестувало предавство и семеен хаос.
Нејзиниот сопруг ги негирал овие тврдења, нарекувајќи ги неосновани и обвинувајќи ја фасцинацијата на неговата сопруга со виралните трендови.
„Му се насмеав на тоа како на глупост. Но таа го сфати сериозно. Ме замоли да си одам, им кажа на нашите деца дека се разведуваме, а потоа ми се јави адвокат. Тогаш сфатив дека ова не е само фаза“, изјавил тој.
Поврзани објави
Жената официјално му ги врачила документите за развод само три дена подоцна.
Сопругот открил и дека ова не ѝ била прва средба на неговата сопруга со мистични верувања, присетувајќи се дека еднаш се консултирала со астролог и ѝ требало речиси цела години за да се откаже од неговите претскажувања. Потоа, се вмешал неговиот адвокат, појаснувајќи дека читањето шолја кафе генерирано со вештачка интелигенција не е прифатливо како правен доказ за прељуба.
„Тој е невин додека се докаже спротивното“, рекол адвокатот.
Легитимноста на доказите за афера
Правните експерти нагласиле дека таквите тврдења генерирани со вештачка интелигенција немаат никаква основа на суд.
Разводот предизвикал бран на коментари на социјалните мрежи и им го привлекол вниманието на вистинските практичари на овој древен ритуал – тасеографија, кои брзо истакнале дека тоа не функционира со фотографирање на преостанатиот талог. Традиционалното читање, исто така, ги зема предвид и пената, вителот и тацната. Ова не било претскажување – само алгоритамот си го направил своето.