Почетна Убавина и здравјеЕлена Најдоски и сопругот разменуваа нежности под спектакуларен огномет! – Убавина и здравје

Елена Најдоски и сопругот разменуваа нежности под спектакуларен огномет! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Водителката Елена Најдоски или како што ја препознава публиката  „Елена-Живот со стил“, ужива во летниот одмор на француската ривиера, а деновиве сподели дел од атмосферата од престојот во гламурозниот Кан.

Една од вечерите за познатата водителка и нејзиниот сопруг била особено романтична. Небото над Азурниот Брег било осветлено од спектакуларен огномет, а парот моментот го искористил за уживање еден во друг, далеку од секојдневните обврски.

 


Поврзани објави

Елена на социјалните мрежи објави фотографии и видеа од незаборавната вечер. На дел од снимките се гледа како таа и сопругот наздравуваат со чаша вино, разменуваат нежни моменти и уживаат во прекрасниот поглед над морето.

Но, огнометот не бил единствената глетка што ја сподели водителката. На нејзиниот профил се појавија и фотографии од Кан и француската ривиера, со кои покажа дел од луксузната и опуштена атмосфера во која го поминува летото.

Судејќи според објавите, Елена и сопругот максимално го користат времето за одмор, а нивната романтична вечер во Кан дефинитивно е еден од моментите што ќе го паметат од ова лето.

 

Фото: Инстаграм Принтскрин