Со само 4 состојки, што сигурно ги имате дома, можете да се почестите со сладок десерт
Целувките се многу лесен десерт за приготвување, а од малку состојки ќе добиете многу колачиња. Тие се лесни, воздушести и имаат крцкава внатрешност.
Само бидете трпеливи за да ги почекате целувките да се исушат до крај, а кога смесата ќе постигне цврсти врвови – ќе знаете дека е готова.
Состојки:
- 4 големи белки, на собна температура
- прстофат сол
- 200 г кристален шеќер
- 1 лажиче екстракт од ванила
Приготвување:
Загрејте ја рерната на 105 степени и обложете голем плех за колачи со хартија за печење. Тргнете го на страна.
Измешајте ги белките и солта во голем, чист и сув сад. Со електричен или рачен миксер, мешајте на мала брзина додека смесата стане пенеста.
Поврзани објави
Потоа, засилете ја брзината.
Матејќи со голема брзина, постепено додавајте шеќер, лажица по лажица, мешајќи по секое додавање додека се раствори шеќерот (15-20 секунди помеѓу секое додавање).
Матете додека смесата стане густа, сјајна и го зголеми волуменот. Смесата треба да има цврсти врвови, а шеќерот треба да биде комплетно растворен (можете да го проверите тоа, така што ќе протриете малку смеса меѓу прсти – ако е зрнеста, шеќерот не е растворен).
Додајте екстракт од ванила. Ако користите прехранбена боја, додајте ја во оваа фаза.
Земете голема кеса за еднократна употреба со голем врв или ако немате кеса за шлаг, земете кеса за замрзнување и пресечете мало ќоше.
Префрлете ја смесата во приготвената кеса и со притискање формирајте целувки на припремениот плех за колачи.
Целувките може да бидат близу една до друга, бидејќи нема многу да се шират, но ако сакате да ги печете сите колачи истовремено, погрижете се да земете поголем плех одошто мислите дека треба.
Печете на 105 степени, еден час. Исклучете ја рерната кога ќе помине времето за печење и не отворајте ја. Оставете ја вратата од рерната затворена и оставете ги колачињата целосно да се оладат во рерната (1-2 часа) пред да ги извадите. Целувките треба да бидат крцкави и може да се чуваат во херметички затворен сад. Чувајте ги подалеку од топлина и влага, бидејќи можат да омекнат.