Лимонот е една од најздравите храни во светот, во голема мера поради големите количини на витамин Ц кои ги има во себе, но и поради изобилството од други хранливи материи како што биофлавоноиди, пектин, фолна киселина, витамин А, Б1, Б6, калиум, калциум, магнезиум, фосфор, манган ..
Овие се петте проблеми кои можете да ги решите во вашата “ домашна работилница” .
Камења во бубрезите
Тие се јавуваат кога урината содржи премногу сол и кога постои недостаток од други супстанции како на пример цитратот. Кај луѓето кои се склони кон создавање на камења во бубрезите, докторите најчесто им препишуваат калиум цитрат. Сокот од лимон пак во себе содржи природен цитрат. Докажано е дека лимоновиот сок го зголемува количеството на цитрат во урината, со што се спречува создавањето на камењата во бубрезите. За време на една научна студија направена врз 12 пациенти кои страдале од камења во бубрезите, на секој од нив им била давана терапија со лимонов сок цели 4 години. Резултатите покажале дека ниту еден од нив немал потреба од медицинска интервенција во текот на тие 4 години.
Артритис
Артритисот претставува воспаление на зглобовите како и на ткивата околу зглобовите. Со цел да ја ублажите болката или вкочанетоста, сокот од лимон може да ви биде од голема полза. Исцедете сок од еден лимон разреден со вода и испијте го наутро, пред доручекот. Истото повторете го и пред ручекот и навечер, пред спиење. Оние лица кои секојдневно го практикуваат ова, велат дека болните симтоми предизвикани од артритисот едноставно исчезнуваат.
Констипација ( затвор во стомакот)
Ова е мошне често нарушување на дигестивниот тракт кое претставува нарушена функција на дебелото црево и негова неможност тоа да се испразнува редовно. Ваквата состојба може да биде предизвикана од многу фактори, вклучувајќи го недоволното внесување на течности, растителни влакна или преголемата употреба на млечни производи. За овој третман потребно е да разредите сок од еден лимон во чаша со топла вода. Пијте го ова секојдневно, наутро и навечер бидејќи лимонот е докажано одличен чистач на цревата.
Чувствителен желудник
Доколку ви се случило да изедете поголем оброк, па потоа да ве мачат киселини или чувствувате надуеност, тогаш потребно ви е нешто што ке ви го олесни варењето на храната, а тоа е киселината која ја има во лимоновиот сок. Измешајте сок од половина лимон и половина лажичка сода бикарбона во чаша со вода.
Воспалено грло
Лимонската киселина и големото количество на витаминот Ц кои ги содржи сокот од лимон имаат антибактериски својства, кои помагаат да се намали воспалението во грлото а истовремено и го јакнат имунолошкиот систем. Следниот пат кога ќе почувствувате болки во грлото, обидете се да си помогнете со добро познатата лимонада. Растворете сок од еден лимон во чаша со топла вода и добро промешајте. Испирајте го грлото со овој сок неколку пати на ден.