Почетна Убавина и здравјеАна имала 14 години кога станала жртва на Епстин – Убавина и здравје

Ана имала 14 години кога станала жртва на Епстин – Убавина и здравје

од nenad
3 минути читај за

Исповедта на Ана, која на 14-годишна возраст станала жртва на Епстин, ќе ви ја замрзне крвта

Неодамна објавените судски документи поврзани со случајот на осудениот педофил Џефри Епстин повторно ја вознемирија јавноста и отворија нови прашања за тоа како со години функционирала неговата мрежа на злоупотреба. Меѓу тие документи се наоѓа и еден што особено ја разоткрива улогата на неговата долгогодишна соработничка, т.н. „мадам“ Гислејн Максвел, и психолошките тактики што ги користела за да придобие и намами ранливи тинејџерки во систем на експлоатација.

Гислејн Максвел регрутирала девојки кои Епстин ги злоупотребувал

Спорните документи покажуваат како еден полициски службеник во 2020 година раскажал за разговор со жена која изјавила дека Епстин ја злоупотребувал кога била малолетна. Таа рекла дека нејзините први посети на куќата на Епстин, за време на кои не била злоупотребувана, биле „чудни“.

Но, Максвел го нормализирала тоа. Се однесувала како кул, постара сестра и давала коментари од типот: „Тоа е она што го прават возрасните“. Жената изјавила дека ја видела Гислејн без горниот дел од костимот за капење покрај базенот на Епстин. Била малку изненадена, но Максвел се однесувала сосема нормално – раскажал полицаецот.

Кога и самата доживеала сексуална злоупотреба, жената изјавила дека понекогаш во просторијата биле присутни и други лица, вклучително и Максвел.

Обично една од девојките го масирала Епстин, најчесто по стапалата. Максвел ги задевала другите девојки, ги фаќала за градите и им давала насоки што да прават. Жртвата се обидувала да стане „невидлива“ во просторијата за да ја игнорираат колку што е можно повеќе – навел полицаецот.

Обемот на сексуалните активности со Епстин со текот на времето се зголемувал. За време на разговорот со полицијата, жената била прашана како тогаш се чувствувала кон Епстин и Максвел.

Поврзани објави

Рече дека имала чувство дека ја сакаат. Чувствувала дека ѝ се како семејство, дека ја поддржуваат и дека треба да им биде благодарна – изјавил полицаецот пред поротата.

Сведочењето на Ана Фармер: Максвел гола ѝ покажувала како да масира педофил

Иако жената не е идентификувана во овој транскрипт, описот на злоупотребата се совпаѓа со сведочењето на „Џејн“ за време на судењето на Гислејн Максвел. Таа им изјавила на поротниците дека Епстин почнал да ја злоупотребува кога имала 14 години, а Максвел понекогаш била присутна во просторијата.

На судењето, „Џејн“ изјавила дека Максвел понекогаш ја допирала по градите.

Уште едно сведочење на полициски службеник, поврзано со друга жртва, ја нагласува сложеноста на процесот на регрутација. Името на таа жртва исто така е променето, но описот на нејзиното искуство потсетува на сведочењето на Ана Фармер на судењето. Фармер сведочела дека Максвел, додека била гола, ѝ покажувала како да го масира Епстин кога имала 16 години.

Максвел ѝ рекла да ги масира стапалата на Епстајн, а потоа ѝ покажала и ѝ објаснила како да го направи тоа – се присетил полицаецот.

Друга жртва му раскажала на полицаецот дека во раните фази од посетите на куќата на Епстајн таа и Максвел разговарале.

Максвел ја прашала девојката дали е сексуално активна и дали некогаш користела сексуални помагала. Се присетила дека добивала пакети со долна облека.