Почетна Убавина и здравје„Имам ромска крв, но татко ми не зборува за тоа“ – Луна Ѓогани првпат јавно проговори за своето потекло

„Имам ромска крв, но татко ми не зборува за тоа“ – Луна Ѓогани првпат јавно проговори за своето потекло

од nenad
1 минути читај за

Луна Ѓогани првпат јавно проговори за своето потекло и истакна дека се гордее со корените

Поранешната ријалити-учесничка и инфлуенсерка Луна Ѓогани за првпат јавно проговори за своето ромско потекло, нагласувајќи дека на тоа гледа со гордост. Таа искрено сподели дека корените ги има од татковата страна, но дека досега ретко зборувала на таа тема од почит кон својот татко.

Луна призна дека во животот поминала низ тежок период поради пороците во кои своевремено западнал нејзиниот татко Гаги Ѓогани, но истакна дека тоа не ја спречило да изгради јасни вредности. Таа потенцира дека никогаш не ги делела луѓето по вера или боја на кожа и дека така била воспитана уште од мала.

Поврзани објави

Во подкастот на Боки 13, Ѓогани отворено изјави дека ја носи ромската крв во себе и дека нема апсолутно ништо против тоа. Напротив, како што рече, токму тоа е дел од нејзиниот идентитет на кој се гордее и кој го прифаќа без резерви.

Таа додаде дека има блиски контакти со Роми и во своето маало, каде често им носи играчки и подароци на децата кога и да е во можност. Со тоа, Луна испрати порака на почит, еднаквост и поддршка, нагласувајќи дека човечноста е поважна од каква било поделба.

printskrin youtube – sikter tv -lunna